Во Собранието на Македонија расправа за стечајците

Во Собранието на Македонија денеска се води расправа по предлог законот за стечајци, поднесен од опозицијата. Со предлогот , меѓу другото, се предвидува стечајците да добиваат месечен паричен надомест од 6.000 денари до пензионирање. Во меѓувреме, стотина стечајци протестираат пред зградата на парламентот и најавуваат дека повторно ќе постават шатори ако законот не биде донесен.