Не значи дека ако се заврши царинско-шпедитерски факултет мора задолжително да се биде вработен во царинска управа, вели дирекоторто на Царината Ванчо Каргов.
Факултетот за царина и шпедиција во Охрид е единствен од ваков вид во Македонија, но не сите студентите кои произлегуваат од него работат по струката. Студентите во минатите години од државата бараа да имаат предност при вработување на Царинските испостави во однос на оние кои завршуваат други факултети.
Директорот на Македонската царина, Ванчо Каргов при неговата посета на факултетот за царина во Охрид, каде пред студентите имаше предавање, рече дека систематизацијата на работните места не може да биде таква за да се предвиди само еден единствен факултет како услов за вработување во Царинската управа со високо образование.
„Царинската проблематика е голема и широка. Предметите кои се применуваа во Царинската управа се предаваат и на другите факултети. Покрај Царински шпедитерски факултет имаме правен, економски, електротехнички факултет. Се
спроведуваат тестирања, интервјуа и други видови на проверки. Не значи дека ако се заврши царинско-шпедитерски факултет мора задолжително да се биде вработен во царинска управа“, рече Каргов.
Каргов вели дека овие луѓе може да работат и во компании кои се занимаваат со дејност увоз-извоз.
„Такви луѓе не се потребни само во Царинска управа, туку на сите сериозни фирми увозници и извозници бидејќи не мора да имаат шпедитерска лиценца за да тоа го работат. Тие имаат еднакви можности и права како и сите други кои ги исполнуваат условите, да се јават на конкурс да аплицираат и да добијат ако тоа го заслужуваа“, рече Каргов.
Деканот на Охридскиот факултет Сашо Коруноски рече дека царината треба да знае дека на нивниот факултет завршуваат стручни кадри.
„Ние го следиме пазарот и факултетот се труди да биде во тек со сите настани. Но денес секое вработување значи интервјуа, способности и се трудиме нашите студенти да бидат конкурентни во целиот тој спектар. Добро рече директорот дека царинското работење е широк опсег на работење и секој треба да најде свое место. Наша должност е да бидеме забележани во таквите процеси на вработувања и секогаш царинската управа да има на увид дека постојат кадри кои се подготвени да покријат одредени сегменти од работењето на царината. Се друго е слободен пазар на вработувања“, рече Коруновски.
Од 10 до 12 студенти годишно завршуваат царина во Охрид. Коруноски вели дека немаат податоци колку нивни студенти по царина работат на Царинските испостави.
Не значи дека ако се заврши царинско-шпедитерски факултет мора задолжително да се биде вработен во царинска управа.Ванчо Каргов, директор на царинска управа.
Директорот на Македонската царина, Ванчо Каргов при неговата посета на факултетот за царина во Охрид, каде пред студентите имаше предавање, рече дека систематизацијата на работните места не може да биде таква за да се предвиди само еден единствен факултет како услов за вработување во Царинската управа со високо образование.
„Царинската проблематика е голема и широка. Предметите кои се применуваа во Царинската управа се предаваат и на другите факултети. Покрај Царински шпедитерски факултет имаме правен, економски, електротехнички факултет. Се
Наша должност е да бидеме забележани во таквите процеси на вработувања и секогаш царинската управа да има на увид дека постојат кадри кои се подготвени да покријат одредени сегменти од работењето на царината.Сашо Коруноски, декан на факултет за туризам во Охрид.