Североисточниот плански регион со три проекти годинава

Куманово.

Изработка на студија за изградба на ски центар на Осоговијата, изградба на 250 метри фекална канализација во селото Слупчане и 60 километри локални патишта во Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово, се дел од проектите на Североисточниот плански регион.
Центарот за развој и Советот на Североисточниот плански регион со седиште во Куманово, а кој освен оваа ги опфаќа и општините Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Липково и Ранковце со бројните проекти успешно ја завршува годинава. Интензивно продолжува и во наредниот период, во што е вклучена и прекуграничната соработка со соседните земји, вели раководителот Младен Протиќ.
Иако имавме кратки рокови успеавме да реализираме три проекти, од кои едниот е кон крај, што ги финансира Бирото за регионален развој, односно Министерството за локална самоуправа.
Младен Протиќ, раководител во Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

Младен Протиќ, Центар за развој Североисточниот плански регион.

„Иако имавме кратки рокови успеавме да реализираме три проекти, од кои едниот е кон крај, што ги финансира Бирото за регионален развој, односно Министерството за локална самоуправа. Едниот е изработка на студија за изградба на ски центар на Осоговијата, Општина Крива Паланка, вториот е изградба на 250 метри фекална канализација, еден крак во селото Слупчане, Липково, третиот е 60 километри локални патишта во три општини Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово. И четвртиот е, изработка на основен проект со ревизија за изградба на општинска зграда во Општината Куманово“, вели Протиќ.
Сега е отворен повик со Косово, се надеваме дека во блиска иднина и со Србија ќе можеме да работиме со овие прекугранични проекти.
Младен Протиќ, раководител во Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

Во тек е проектот со рок до мај 2015 година, за изградба на пристапни рампи, лифтови и тоалети во седум училишта во регионот, за деца со посебни потреби.

„Со овој проект особено се гордееме, бидејќи освен што е хуман, според законите во Македонија многу брзо сите јавни установи мора да бидат опремени со ваква опрема. Затоа се надеваме дека и на дел од буџетот на самите општини ќе им помогнеме“, вели Протиќ.

Тој додава дека засега се копартнери со Бугарија, а за во скора иднина најавува проширување на соработката со нови партнери.

„Сега е отворен повик со Косово, се надеваме дека во блиска иднина и со Србија ќе можеме да работиме со овие прекугранични проекти, кои секако ќе нè научат во иднина кога Македонија се приближува кон ЕУ, односно кога ќе биде примена, како да управуваме со поголемите проекти кои се од кохезионите фондови во ЕУ, а кои се и многу големи инвестиции. Се работи за над 30 до 40 милиони евра“, вели Протиќ.

Од досегашната прекугранична соработка на Центарот за развој на Североисточниот плански регион со бугарската Општина Дупница резултат е проектот за лифтови, рампи и тоалети за децата со посебни потреби, за што Протиќ појаснува:

„Проектот е вреден околу 500 илјади евра, 270 илјади евра се за инфраструктурни мерки во нашиот регион, а околу 230 илјади евра се за Општината Дупница, за иста работа и дополнително за опрема училиште и градинка за деца со посебни потреби“, вели тој.

Според Протиќ, активностите се бројни и опфаќаат обуки, средби, размена на искуства, веб страна, мини студија. Со веќе три реализирани европски проекти Центарот за развој ќе добие една сериозна лична карта на Центарот со високи оценки за вакви проекти, вели Младен Протиќ, раководител во Центарот за развој на Североисточниот плански регион.