Вестервеле - разговорите со Иран не се завршена работа

Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле вели дека разговорите за иранската нуклеарна програма „не се завршена работа“. Вестервеле денеска изјави дека има „реални шанси“ за договор, но дека „има многу работа да се направи.“ Министрите за надворешни работи на шесте големи светски сили денеска во Женева разговараат за иранската нуклеарна програма. Претходно шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, направиле „напредок“ за иранското прашања за време на разговорите во петокот, соопшти извор од ЕУ, а кинеските медиуми јавија дека разговорите стигнале до финален момент.