Tрет ден разговори за нуклеарната програма на Иран

Разговорите во Женева меѓу водечките светски сили и Иран околу неговата нуклеарна програма, влегуваат во третиот ден. Денешниот состанок ќе биде последен во оваа рунда преговори. Велика Британија, Франција, Русија, Кина, САД и Германија притискаат врз Иран да ја замрзне нуклеарната програма за која се сомневаат дека е насочена кон создавање нуклеарно оружје. За возврат тие нудат делумно укинување на санкциите против Иран. Шефот з анадворешна политика на ЕУ разговорите со иранскиот министер з анадворешни работи ги оцени како многу добри но беше речено и дека битни прашања останале нерешени околу што ќе се разговара денеска.