Убиецот на Џон Кенеди во СССР

По повод 50 годишнината од атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди се објавени повеќе книги, а една од нив го истражува советското поглавие од животот на Ли Харви Освалд, човекот што пукал врз Кенеди. Книгата „Натрапникот: Ли Харви Освалд во СССР“ на авторот Питер Саводник се однесува на тоа зошто Освалд избега од САД и на неговиот живот во Минск.
Авторот на книгата Питер Саводник во интервју за Радио Слободна Европа што го направи дописничката Хедер Махер вели дека одлуката на Ли Харви Освалд да пребега во Советскиот сојуз било дел од неговиот несреќен начин на живот, заедно со неговата мајка.

„Пред да им се приклучи на маринците на возраст од 17 години, Освалд и неговата мајка се селеле 20 пати. Секој пат тоа беше поради некаква несреќна околност, губење работа, пропадната врска. Тој никогаш немаше чувство дека некаде припаѓа. Затоа Советскиот сојуз изгледаше како ново убаво место да се нарече дом.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ексклузивно: Животот на атентаторот Освалд во Минск


Тој никогаш немаше чувство дека некаде припаѓа. Затоа Советскиот сојуз изгледаше како ново убаво место да се нарече дом.
Саводник додава дека Освалд првично бил привлечен од Советскиот сојуз поради тамошниот комунизам кој претставуваше се она што не беа Соединетите држави. Тој во Москва побара советско државјанство, по што властите го префрлаат во Минск.

„Најважна работа за советската тајна служба КГБ беше тој да биде подалеку од некоја важна личност. Скоро сите Американци кои пребегаа биле испраќани во провинциски градови. Најчество во Украина, но и во Белорусија.“

Во Минск, според Саводник, се почнало добро, но постепено тој почнал да го губи ентузијазмот во советскиот начин на живот.

„Најважната промена во курсот на неговиот две ипол годишен живот во Минск беше губењето на неговата популарност. Во првите шест месеци тој беше славна личност. Беше „Американец во Минск“. Во исто време КГБ постојано го следеше, што никогаш не му го отргна чувството на туѓинец во Минск.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Џон Кенеди: атeнтатот и потоа


Советското поглавие, како што вели Саводник, наместо да му донесе нов живот, беше уште еден неуспех за Освалд што го принуди повторно да се врати во Соединетите држави.

„Последните 17 месеци од неговиот живот, совршено се вклопуваат во целиот негов животен стил. Тој по враќањето продолжи да скока од место во место, но и се повеќе да паѓа ментално. Тоа пак го зголемуваше насилството во неговата глава кое кулминираше со сознанието дека претседателот Кенеди доаѓа во Далас“, вели во интервјуто за Радио Слободна Европа, Питер Саводник, авторот на книгата за животот на Ли Харви Освалд, атентаторот на претседателот Џон Кенеди.