Дел од партиите во владејачката коалиција се сомневаат дека ОН во догледно време може да го реши спорот за името со Грција, некои од нив предлагаат ЕУ да се вклучи директно во преговорите.
ОН во догледно време не може да го решат спорот со името со Грција, велат дел од партиите во владејачката коалиција, коментирајќи ја Нацрт резолуцијата на известувачот во ЕП за Македонија Ричард Ховит. Во резолуцијата е наведено дека неуспехот на Македонија и Грција за изнаоѓање взаемно, фер и праведно решение за решавање на спорот за името во период од речиси 20 години и покрај најдобрите напори на посредникот на ОН го доведува во прашање кредибилитетот на рамката.
Претседателот на Демократскиот сојуз и коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, Павле Трајанов вели дека неговата партија предложила ЕУ да се вклучи директно во процесот.
„Има такви знаци дека Европската унија ќе се вклучи директно. Овој процес што се одвива под покровителство на ОН досега не даде никакви резултати, само е начин за
пролонгирање на евентуално решение. Досега ни не слушнавме јасно и гласно од Нимиц да каже разговарав со двете страни и мој предлог е ова и јавно да го презентира и да бара поддршка.“
Според Трајанов потребно е засилено учество не само од ЕУ, туку и од САД.
„Без една таква синхронизирана активност и избалансиран притисок и врз Грција и врз Република Македонија нема да се дојде до компромис.“
Ховит во резолуцијата изразува загриженост и за албанското население, кое може да се чуствува „како оставено“ во процесот на проширување со оглед на напредокот на Косово и Албанија, што може да претставува дополнителен ризик во иднина за стабилноста на земјата.
Артан Груби од ДУИ вели дека цената на статус кво ситуацијата е голема, затоа што единствената заедничка иднина на сите граѓани е ЕУ и НАТО.
„Секое одлагање на овој пат на Република Македонија може да придонесе за влошување на меѓуетничките односи во земјата, затоа што сите Албанци без исклучок се за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и очекуваат тоа да се случи и да се реализира што е можно поскоро. Треба заеднички преку етнички консензус да постигнеме решение и компромис за прашањето со името.“
Ховит ја повика Грција да го искористи своето претстојното претседателство со ЕУ да даде нов политички поттик во обид да се реши прашањето за името.
Без една таква синхронизирана активност и избалансиран притисок и врз Грција и врз Република Македонија нема да се дојде до компромис.Павле Трајанов, Демократски сојуз.
Претседателот на Демократскиот сојуз и коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, Павле Трајанов вели дека неговата партија предложила ЕУ да се вклучи директно во процесот.
„Има такви знаци дека Европската унија ќе се вклучи директно. Овој процес што се одвива под покровителство на ОН досега не даде никакви резултати, само е начин за
Секое одлагање на овој пат на Република Македонија може да придонесе за влошување на меѓуетничките односи во земјата.Артан Груби, ДУИ.