Американскиот амбасадор Пол Волерс заедно со министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот директор на Царинската управа Ванчо Каргов денеска ќе присуствува на донација на опрема што ќе ја олесни работата на Граничната полиција и на Царинската управа. Опремата вреднa 479.000 американски долари се состои од уреди за ноќно гледање, опрема за термичка обработка на слики, инструменти за инспекција, камери за надзор, ГПС уреди за навигација, детектори за радиоактивност и две патролни возила.