За сопствен бизнис треба пари, а јавната администрација не може сите да ги вработи, велат упатените во врска со рекордно високата стапка на невработеност на младите во Македонија. Зошто половина од младите во земјава се без работа и дали отворањето сопствен бизнис е магичниот куршум кој ќе го убие проблемот на невработеноста на младата популација?
Невработеноста на младите како проблем се издвојува во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава во евроинтеграциите.
„Долгорочната невработеност, високата невработеност на младите и многу малото учество од страна на жените на пазарот на трудот бараат поголемо внимание. Јавниот сектор и понатаму е најголемиот работодавач. Државниот буџет наменет за активната програма на пазарот на трудот останува несоодветен и е малку намален“, пишува во документот.
Официјалните податоци покажуваат дека речиси половина, имено 46 проценти од младите на возраст од 15 до 29 години се без работа. Надлежните првично реагираа дека младите се пребирливи кога бараат работа за потоа да излезат со препораки за младата популација да се фокусира на претприемништво и да основа сопствен бизнис. Од тука, во игра влегуваат условите за водење бизнис во Македонија. Освен тоа што официјалните податоци на народната банка покажуваат дека банките повеќе кредитираат население одошто фирми, Управата за јавни приходи само неделава казни и затвори 58 трговски објекти.
Државата не се труди доволно за создавање на претприемачи од луѓето кои излегуваат од образовниот систем, вели економскиот аналитичар Висар Адеми, според кого парите не се единствената пречка за основање на сопствен бизнис:
„Мислам дека освен парите и таа целата фама на казнување, инспекција да ве посетува секоја недела, тоа не само што не ве поттикнува, туку ве оттргнува од таа идеја, во смисла што младите си велат, да одиме да се вработиме во јавна администрација бидејќи таму е полесно да се снајдеш“, вели Адеми.
Што би бил вашиот идеален избор за работно место - приватен бизнис, администрација или можеби барање работа во странство? Ова е тема и во нашата рубрика Хајд Парк. Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Покрај ваквата ситуација, владата инвестира во реклами, повикувајќи ги младите претприемачи да пронајдат подобри начини за нешто, по примери на светски познати брендови како на пример „Шварцкопф“. Со кампања не се создаваат претприемачи, вели претседателот на Младинскиот образовен форум Дона Костуранова.
„Кампања и мотивација не создаваат претприемачи, вештини и знаења создаваат претприемништво. Не дека претприемништвото не е решение да се намали невработеноста, но предусловите треба да бидат исполнети за тоа да се зголеми, значи едно е да се зајакне квалитетот на образованието, да се зајакне практичната работа, да се даде поддршка во вработувањето“, вели Костуранова.
Често се забележува дека образовниот систем не произведува кадри кои имаат практично знаење од струката која ја изучуваат. Тука се поставува дополнително прашање како младите ќе основаат сопствен бизнис без вештини за снаоѓање на пазарот на трудот. Најдобар начин е со претходно работно искуство, но тешките услови под кои младите работат во приватниот сектор се спорни, вели Костуранова.
„Ние кога зборуваме за младите може да ги гледаме како хендикепирани на пазарот на трудот, затоа што ретко од каде имаат можност да се стекнат со искуство, сè уште е спорно начинот на спроведување на праксата, па дури и волонтерството, вработувањето во претпријатијата, односно во бизнис секторот. Мора да се создаде средина каде што младите ќе чувствуваат дека работат, дека ги остваруваат своите амбиции, дека работат во сопствената струка, но и дека им е компензирано во најмала рака времето и основните трошоци коишто ги имаат за да работат на таа позиција“, вели Костуранова.
Инаку, според проценките на Меѓународната организација за труд, во извештајот насловен „Премин на младите жени и мажи на пазарот на трудот во Македонија“, се наведува дека повеќето невработени млади лица, поточно 76,9 проценти, бараат вработување повеќе од една година по завршување на образованието.
Како до сопствен бизнис? На почетокот е тешко, но резултатите ќе дојдат доколку сте добри во тоа што го правите, вели бизнис консултантот Синиша Пекевски.
РСЕ: Господине Пекевски, во Македонија се проблематизира кредитирањето на веќе постоечки фирми, тоа е намалено во споредба со кредитирањето на населението. Каква поддршка има за стартер бизнисите? Колку што знам немаме бизнис ангели, немаме кредити за претпријатија кои штотуку почнуваат. Како ќе успее некој што сака да отвори фирма, ако нема гаранција, без капитал?
Бизнис не се води без пари, тоа на сите треба да им биде јасно, особено на младите луѓе, но генерално бизнисите кои ги отвораат младите луѓе не изискуваат големи средства. Она што е добро е што постојат различни донатори или организации, меѓу кои и државата кои организираат различни натпревари за најдобар бизнис план и доделува одредени финансиски средства за започнување на бизнис. Понатаму вие можеби не можете да земете одредена кредитна линија, меѓутоа Агенцијата за вработување има неколку линии со кои им се овозможува не само на младите луѓе, туку и на оние кои имаат добра бизнис идеја или сакаат да го легализираат својот бизнис да ги поддржува, не со финансиски средства, туку ги поддржува во насока да купат опрема, суровини, репро материјали за стартување на сопствен бизнис.
РСЕ: Зошто јавната администрација се смета за поатрактивна за вработувања?
Поатрактивна е поради тоа што имате сигурна плата, придонесите се платени, имате здравствено осигурување и голем дел од луѓето тоа го гледаат како некоја сигурност. Понатаму, напорот кој го изискува таа државна администрација не е голем, така што во овој момент тоа се гледа многу добро. Краткорочно да, тоа е одлична варијанта, но долгорочно е многу лошо. Зошто? Затоа што вие не се движите напред, не ги подобрувате вашите вештини, не инвестирате во себе и на крај може да дојде некоја друга политичка опција и сето тоа да го промени. Ќе дојде период во кој државната администрација ќе мора да се намали, што со тие луѓе тогаш?, вели Пекевски.
Намалена компетентност, апатија и влошени вештини се само дел од последиците со кои се соочуваат младите кои не успеале да најдат работа или кои подолго време чекаат вработување. Според проценките од невладиниот сектор, младите луѓе по завршеното образование, чекаат и до шест години за прво работно место. Од друга страна, државните институции, покрај кампањи за претприемништво, промовираат и нови вработувања во јавната администрација и државната служба. Министерството за внатрешни работи кон почетокот на месецов распиша оглас за 400 нови полицајци. Секако станува збор за млади луѓе бидејќи огласот важи за полнолетни лица под 25-годишна возраст.
Вработувањата во јавната администрација не се одржливо решение за невработеноста, вели холандската амбасадорка во земјава Мариет Схурман во интервју за Радио Слободна Европа.
„Основниот ризик е во економската неодржливост. Даночните обврзници мора да плаќаат за тие работни места. Во Македонија дефинитивно има висока стапка на невработеност и тоа мора да се реши. Единственото решение е во економскиот раст. Растот мора да го создаде приватниот, а не јавниот сектор. Како мерило за здравјето на економијата во оваа земја треба да се земе приватниот сектор и потребно е да се утврди стратегија со која ќе се обезбеди раст на истиот, и да се вработат повеќе луѓе. Тоа е единствениот одржлив начин за справување со невработеноста“, вели Схурман.
Судејќи по странските препораки, во комбинација со владини кампањи, се очекува дека младите бизнисмени ќе се приклучат кон трендот на создавање на одржлив економски развој, но тука повторно се проблематизираат условите. За бизнис треба искуство, а неделава со измените на Законот за работни односи се создаде стравување дека работодавачите полесно ќе можат да отпуштаат вработени. Сите работници па и младите би можеле да ги осетат последиците смета правникот Драге Јовановски, кој објаснува дека со изменетиот закон се овозможува зголемен притисок врз вработените поради нивни пропусти.
„Значи не е директно поврзано, меѓутоа на одреден начин ќе влијае за дестимулирање на вработување на млади кадри особено во некои институции. А во приватниот сектор тоа ќе биде злоупотребувано“, вели Јовановски.
Апатијата која ја чувствуваат младите поради тешки услови за вработување, било како работници или во сопствена фирма, им дава моќ на политичките партии кои лесно може да манипулираат со оваа популација, смета политикологот Соња Стојадиновиќ.
„Не само во поглед на финансиската состојба, туку и константното туркање на потпросечноста како нов вид на натпросечност од страна на владејачката партија, создава една армија на константно незадоволни и уплашени луѓе кои се многу лесна мета за партиите“, вели Стојадиновиќ.
Дали комплексниот проблем на невработеност на младите може да се реши со масовно отворање на нови фирми? Како овие фирми ќе преживеат без соодветна поддршка и што се случува со образовниот систем – дали без работа се само високообразованите кадри? На овие прашања одговара Неда Коруновска од невладината „Реактор“.
РСЕ: Често се слушаат оправдувања од надлежните дека има една општа незаинтересираност кај младите да бараат работа, дека имаат премногу високи очекувања. Дали е тоа реалната пречка за вработување на младите?
Не, тоа апсолутно не е реалната пречка, бидејќи најголем дел од младите и мажи и жени вработени се вработени во земјоделството и навистина е погрешен таквиот пристап. Еве сега и последните истражувања кои беа спроведени на оваа тема укажуваат на високата стапка на невработеност и ниската стапка на вработливост на младите луѓе. Значи само една петтина од сите млади работат и тоа не по вина на младите, туку тоа е структурен проблем, бидејќи најголем дел од младите луѓе, дури и тие кои се образовани, не можат да најдат работа и во просек чекаат по шест години, кога нивните компетенции и способности се веќе руинирани, вели Коруновска.
Јавниот сектор и понатаму е најголемиот работодавач. Државниот буџет наменет за активната програма на пазарот на трудот останува несоодветен и е малку намален.Извештај на ЕК за напредокот на Македонија.
„Долгорочната невработеност, високата невработеност на младите и многу малото учество од страна на жените на пазарот на трудот бараат поголемо внимание. Јавниот сектор и понатаму е најголемиот работодавач. Државниот буџет наменет за активната програма на пазарот на трудот останува несоодветен и е малку намален“, пишува во документот.
Официјалните податоци покажуваат дека речиси половина, имено 46 проценти од младите на возраст од 15 до 29 години се без работа. Надлежните првично реагираа дека младите се пребирливи кога бараат работа за потоа да излезат со препораки за младата популација да се фокусира на претприемништво и да основа сопствен бизнис. Од тука, во игра влегуваат условите за водење бизнис во Македонија. Освен тоа што официјалните податоци на народната банка покажуваат дека банките повеќе кредитираат население одошто фирми, Управата за јавни приходи само неделава казни и затвори 58 трговски објекти.
Државата не се труди доволно за создавање на претприемачи од луѓето кои излегуваат од образовниот систем, вели економскиот аналитичар Висар Адеми, според кого парите не се единствената пречка за основање на сопствен бизнис:
„Мислам дека освен парите и таа целата фама на казнување, инспекција да ве посетува секоја недела, тоа не само што не ве поттикнува, туку ве оттргнува од таа идеја, во смисла што младите си велат, да одиме да се вработиме во јавна администрација бидејќи таму е полесно да се снајдеш“, вели Адеми.
Што би бил вашиот идеален избор за работно место - приватен бизнис, администрација или можеби барање работа во странство? Ова е тема и во нашата рубрика Хајд Парк. Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Освен парите и таа целата фама на казнување, инспекција да ве посетува секоја недела, тоа не само што не ве поттикнува, туку ве оттргнува од таа идеја.Висар Адеми, економски аналитичар.
Мора да се создаде средина каде што младите ќе чувствуваат дека работат, дека ги остваруваат своите амбиции, дека работат во сопствената струка, но и дека им е компензирано во најмала рака времето и основните трошоци.Дона Костуранова, Младински образовен форум.
„Ние кога зборуваме за младите може да ги гледаме како хендикепирани на пазарот на трудот, затоа што ретко од каде имаат можност да се стекнат со искуство, сè уште е спорно начинот на спроведување на праксата, па дури и волонтерството, вработувањето во претпријатијата, односно во бизнис секторот. Мора да се создаде средина каде што младите ќе чувствуваат дека работат, дека ги остваруваат своите амбиции, дека работат во сопствената струка, но и дека им е компензирано во најмала рака времето и основните трошоци коишто ги имаат за да работат на таа позиција“, вели Костуранова.
Инаку, според проценките на Меѓународната организација за труд, во извештајот насловен „Премин на младите жени и мажи на пазарот на трудот во Македонија“, се наведува дека повеќето невработени млади лица, поточно 76,9 проценти, бараат вработување повеќе од една година по завршување на образованието.
Како до сопствен бизнис? На почетокот е тешко, но резултатите ќе дојдат доколку сте добри во тоа што го правите, вели бизнис консултантот Синиша Пекевски.
РСЕ: Господине Пекевски, во Македонија се проблематизира кредитирањето на веќе постоечки фирми, тоа е намалено во споредба со кредитирањето на населението. Каква поддршка има за стартер бизнисите? Колку што знам немаме бизнис ангели, немаме кредити за претпријатија кои штотуку почнуваат. Како ќе успее некој што сака да отвори фирма, ако нема гаранција, без капитал?
Бизнис не се води без пари, тоа на сите треба да им биде јасно, особено на младите луѓе, но генерално бизнисите кои ги отвораат младите луѓе не изискуваат големи средства.Синиша Пекевски, бизнис консултант.
Бизнис не се води без пари, тоа на сите треба да им биде јасно, особено на младите луѓе, но генерално бизнисите кои ги отвораат младите луѓе не изискуваат големи средства. Она што е добро е што постојат различни донатори или организации, меѓу кои и државата кои организираат различни натпревари за најдобар бизнис план и доделува одредени финансиски средства за започнување на бизнис. Понатаму вие можеби не можете да земете одредена кредитна линија, меѓутоа Агенцијата за вработување има неколку линии со кои им се овозможува не само на младите луѓе, туку и на оние кои имаат добра бизнис идеја или сакаат да го легализираат својот бизнис да ги поддржува, не со финансиски средства, туку ги поддржува во насока да купат опрема, суровини, репро материјали за стартување на сопствен бизнис.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Поатрактивна е поради тоа што имате сигурна плата, придонесите се платени, имате здравствено осигурување и голем дел од луѓето тоа го гледаат како некоја сигурност. Понатаму, напорот кој го изискува таа државна администрација не е голем, така што во овој момент тоа се гледа многу добро. Краткорочно да, тоа е одлична варијанта, но долгорочно е многу лошо. Зошто? Затоа што вие не се движите напред, не ги подобрувате вашите вештини, не инвестирате во себе и на крај може да дојде некоја друга политичка опција и сето тоа да го промени. Ќе дојде период во кој државната администрација ќе мора да се намали, што со тие луѓе тогаш?, вели Пекевски.
Во Македонија дефинитивно има висока стапка на невработеност и тоа мора да се реши. Единственото решение е во економскиот раст. Растот мора да го создаде приватниот, а не јавниот сектор.Мариет Схурман, амбасадорка на Холандија во Македонија.
Намалена компетентност, апатија и влошени вештини се само дел од последиците со кои се соочуваат младите кои не успеале да најдат работа или кои подолго време чекаат вработување. Според проценките од невладиниот сектор, младите луѓе по завршеното образование, чекаат и до шест години за прво работно место. Од друга страна, државните институции, покрај кампањи за претприемништво, промовираат и нови вработувања во јавната администрација и државната служба. Министерството за внатрешни работи кон почетокот на месецов распиша оглас за 400 нови полицајци. Секако станува збор за млади луѓе бидејќи огласот важи за полнолетни лица под 25-годишна возраст.
Вработувањата во јавната администрација не се одржливо решение за невработеноста, вели холандската амбасадорка во земјава Мариет Схурман во интервју за Радио Слободна Европа.
„Основниот ризик е во економската неодржливост. Даночните обврзници мора да плаќаат за тие работни места. Во Македонија дефинитивно има висока стапка на невработеност и тоа мора да се реши. Единственото решение е во економскиот раст. Растот мора да го создаде приватниот, а не јавниот сектор. Како мерило за здравјето на економијата во оваа земја треба да се земе приватниот сектор и потребно е да се утврди стратегија со која ќе се обезбеди раст на истиот, и да се вработат повеќе луѓе. Тоа е единствениот одржлив начин за справување со невработеноста“, вели Схурман.
Судејќи по странските препораки, во комбинација со владини кампањи, се очекува дека младите бизнисмени ќе се приклучат кон трендот на создавање на одржлив економски развој, но тука повторно се проблематизираат условите. За бизнис треба искуство, а неделава со измените на Законот за работни односи се создаде стравување дека работодавачите полесно ќе можат да отпуштаат вработени. Сите работници па и младите би можеле да ги осетат последиците смета правникот Драге Јовановски, кој објаснува дека со изменетиот закон се овозможува зголемен притисок врз вработените поради нивни пропусти.
Само една петтина од сите млади работат и тоа не по вина на младите, туку тоа е структурен проблем, бидејќи најголем дел од младите луѓе, дури и тие кои се образовани, не можат да најдат работа.Неда Коруновска, невладина организација Реактор.