Фер расправа за новиот буџет?

Расправа за буџетот за 2013.

Буџетот за 2014 ќе се носи со измените на деловникот, па од опозицијата велат дека овојпат нема да се повтори 24 декември.
Опозицијата смета дека носењето на буџетот за 2014 ќе помине во поконструктивна атмофера отколку што беше минатата година. Марјанчо Николов од СДСМ изјави дека буџетот ќе се носи со измените на деловникот кои беа донесени без присуство на опозицијата, меѓутоа дека може да се носи и по нови правила доколку работната група која работеше на препораките од Комисијата за 24 декември, постигне договор за измените на Деловникот.
Се надевам дека расправата ќе биде конструктивна, со дебати и дека нема да се повтори 24 декември.
Марјачно Николов, СДСМ.

„Се надевам дека расправата ќе биде конструктивна, со дебати и дека нема да се повтори 24 декември и нема да се повтори праксата да иако владата најави дека прифатила 44 амандмани, на крајот тоа да се сведе на 11 амандмани, а во пракса да не се реализира ниту еден.“

Носење на буџетот за 2013 година, 24 декември.

Тито Петковски од НСДП оцени дека тешко ќе може да се најде заеднички јазик околу носењето на буџетот за идната година доколку двете водечки партии не ги надминат проблемите кои ги оптоваруваат нивните односи. Една од клучните работи што Македонија треба да ги направи е да продолжи дијалогот и да се вратат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на договорот во врска со надминување на проблемите во
Се уште односите меѓу двете клучни партии во македонското собрание се сериозно заладени и мислам дека тешко може да се најде некој заеднички јазик, ако ниту една од партии отстапи од своите тврди ставови.
Тито Петковски, НСДП.
Собранието што настанаа по 24 декември. Во тие рамки е донесувањето на Деловникот и законот за Собранието како и Договорот околу начинот на донесување на буџетот, наведува Петковски.

„Таа Комисија се уште не продолжила да работи, во меѓувреме настанаа оние работи со апсењето на Шиповиќ и се уште односите меѓу двете клучни партии во македонското собрание се сериозно заладени и мислам дека тешко може да се најде некој заеднички јазик, ако ниту една од партии отстапи од своите тврди ставови.“

До овој коментар доаѓа откако Собранието само со гласовите на владејачкото мнозинство го донесе ребалансот на буџетот, по неколкудневна расправа, која на моменти наликуваше на потсетување на настаните од 24 декември.

Ермира Мехмети од ДУИ изјави дека очекува партиите да се однесуваат политички зрело и оти ќе се донесе буџет во демократска процедура.

„Мартовскиот договор ги обврзува страните да се однесуваат одговорно кон позициите, кон институциите, кон интересите на државата и кон приоритетите на државата.“

Комисиската расправа за буџетот за 2014 треба да почне наредната недела. Планирано е дебатата најмногу да трае 10 работни дена.