Политичарите не се справуваат со конфликтното минато

Нема соочување на фактите и вистината и затоа поради случувањата од пред 12 години се уште постои тензична меѓуетничка состојба, велат експертите.
Непознатата судбина на исчезнатите Македонци и Албанци од 2001 година е пример дека политичарите не се справуваат со конфликтното минато. Нема соочување на фактите и вистината и затоа поради случувањата од пред 12 години се уште постои тензична меѓуетничка состојба и не е создадена атмосфера на траен мир, велат експертите.
Реално ни се покажува дека прашањето за конфликтот не можеме да го запретаме или да го турнеме под чергиче затоа што имаме живи луѓе, имаме мртви луѓе, имаме луѓе чии гробови не знаеме каде се наоѓаат.
Билјана Ванковска, универзитетски професор.

Според професор Билјана Ванковска, овие 12 години пред се политичарите од власта ги занемаруваат случките од 2001 година, кои според неа се уште условно речено тлеат и ја разгоруваат меѓуетничната тензија.

„Реално ни се покажува дека прашањето за конфликтот не можеме да го запретаме или да го турнеме под чергиче затоа што имаме живи луѓе, имаме мртви луѓе, имаме луѓе чии
гробови не знаеме каде се наоѓаат. Имаме нерешени социјални прашања на учесниците од конфликтот. Имаме проблем на неправични репарации на жртвите. Значи целиот оној сплет на прашања кој е поврзан со она што се вика транзициона правда е тука и притоа немаме судења за воени злосторства. Имаме едно чудно
Oд сега натаму, не треба ние да бидеме во конфликт, треба да бидеме заеднички како браќа и сестри во една политика, која ќе биде добро за сите.
Жидас Даскаловски, Центар за истражување и креирање на политики.
прекинување на таа судска правда и имаме единствен случај во Хаг кој создава некој вид на дисбаланс на правдата па едната страна тоа го смета за неправда, додека другата го смета за правда“, смета професор Билјана Ванковска.

Ванковска вели дека справувањето со непознатото тој период од минатото треба да се направи бидејќи ако остане така ќе биде проблем и за генерациите по неколку децении.

„Вие можете извесно време да живеете така,но во даден момент, митови, легенди, прераскажувања и слично ќе ја отворат Пандорината кутија и оние запретани духови ќе им ги препуштиме на некои генерации можеби после 50 години“,вели Ванковска.

Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање на политики, смета дека е можно помирување уште сега доколку реално се спроведуваат инструментите како Охридскиот рамковен договор.

„Тоа е оној дух на Охридски договор што требаше да биде, од сега натаму, не треба ние да бидеме во конфликт, треба да бидеме заеднички како браќа и сестри во една политика, која ќе биде добро за сите и за државата и за двете заедници, која што слабо се спроведува“, изјави Жидас Даскаловски.

Јавната дебата за предизвиците од справувањето со конфликтното минато ја започна фондацијата Конрад Аденауер. На нивните тркалезни маси во неколку градови дојдоа учесници во настаните од 2001 година, но не и политичари.