Собранието расправа за ребалансот на буџетот

Собранието на Република Македонија во рамките на денешната 75-тата седница ја продолжи расправата за ребаласност на Буџетот на Македонија за оваа година.
Со предложените измени, се врши корекција и реалокација на средства во рамки на постојната маса на плати меѓу буџетските корисници заради обезбедување на дополнителни финансиски средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и дополнителни средства за опремување на лаборатории.
За пратеникот Миле Андонов од СДСМ, ребалансот за 2013 е непотребен и резултат на погрешните политики, но и на начинот на кој лани беше донесен Буџетот.
Пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ истакна дека во ребалансот станува збор за минимална корекција на Буџетот преку релокација на средства.