Условите во притворот во којшто се наоѓа затворениот новинар Томислав Кежаровски, како и посетата на известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, се во фокусот на дневните весници.
Дали некому му е гајле за човековите права на затворениците во македонските затвори? Очигледно не, сè додека некој официјално не ги посети, па да прочитаме по некој ред за тоа.
„Пет притвореници јадат и вршат нужда во иста ќелија“ - излегува Нова Македонија со наслов, по посетата на народниот правобранител Иџет Мемети на новинарот Кежаровски во истражниот затвор во Шутка. Весникот ја пренесува констатацијата на омбудсманот дека условите во кои престојува Кежаровски се катастрофални, затоа што за година и пол во Македонија енормно е зголемен бројот на притвореници, па затоа никој од нив не може да ги оствари своите минимални човекови права.
И од престојот на известувачот за Македонија во ЕУ. Ховит, во Скопје само Утрински објавува дека „Ховит побара ослободување на Кежаровски“. Исто така Утрински го цитира Ховит кој во Собранието на Македонија изјави дека „нема да биде чесно ако не спомнам дека случаите Кежаровски и Шиповиќ иницираат прашања и создаваат впечаток за селективност во правдата“.
Од престојот на Ховит, Дневник и Вечер вадат наслови што ги подгреваат очекувањата, овој пат, од декемврискиот Самит на Унијата, за добивање датум за преговори: „Верувам дека ги исполнивте критериумите за преговори“ - објави Дневник и „Да ја убедиме ЕУ во декември да одреди датум за Македонија!“ - насловува Вечер. Дури во текстот и двата весника ги набројуваат трите барања на Ховит од земјава за тоа: напредок во спроведувањето на препораките на Анкетната комисија за 24 декември, напредок во постигнувањето договор со Бугарија за нерешените прашања и видлив напредок во однос на слободата на изразување.
И Утрински и Вечер објавуваат дека Македонија, доколку е членка на Унијата до 2020 година би добила нешто помалку од 4 милијарди евра помош, а сега може да се надева само на неполни 600 милиони евра.
„Лавров и Венизелос разговарале за името“ - информира Утрински, кој ја објавува и изјавата на словенечкиот европратеник Кацин дека ЕУ е подготвена да го преземе процесот од Нимиц, но треба да добие гаранции дека премиерот Груевски е подготвен да го стори тоа. Вечер дури ја става изјавата на Кацин во насловната рубрика „Изјава на денот“ - ама без барањето гаранции од премиерот.
Изборите се ближат - сепак: Владата ги прифати сите барања на Синдикатот за загубарот ОХИС: „Владата обезбеди милион и 700 илјади евра за отпремнини и паричен надоместок за 800 работници на ОХИС“ - пишуваат сите весници. А Нова Македонија оди со наслов: „Во регионот отпуштаат, кај нас вработуваат - немаме мера колкава администрација ни е потребна - никој не знае колкав е бројот на вработени што примаат плата од Буџетот, а неофицијално се зборува дека државата има околу 160 илјади вработени во јавниот сектор“.
Пет притвореници јадат и вршат нужда во иста ќелија.Нова Македонија.
Да ја убедиме ЕУ во декември да одреди датум за Македонија!Вечер.