САД ги следеле е-мајловите регистрирани на Гугл и на Јаху

Илустрација.

Вашингтон пост објави дека Националната агенција за безбедност тајно пробила во главните комуникациски врски што ги користат Јаху и Гугл ширум светот, со што Агенцијата добила директен пристап до стотици милиони е-мајл сметки и други податоци. Весникот, повикувајќи се на документи што беа обелоденети од поранешниот соработник на Агенцијата, Едвард Сноуден, пишува дека операцијата наречена Мускулар била спроведена заеднички од американските и британски служби. Агенциите можеле да пресретнуваат податоци од оптичките кабли што ги користат американските интернет гиганти. Според еден таен документ од 9 јануари 2013 година, НСА испраќала милиони записи дневно од Јаху и Гугл во седиштето на Агенцијата. Јаху и Гугл испратија соопштение во кое се вели дека не знаеле оти нивните центри за податоци се компромитирани.