Красниќи: Тачи ги манипулирал минатите избори

Претседателот на косовското Собрание Јакуп Красниќи

Претседателот на косовското Собрание Јакуп Красниќи го обвини косовскиот премиер Хашим Тачи за манипулирње на претходните избори и ја предупреди Централната изборна комисија да не стане предмет на манипулации, објави весникот „Зери“. „Веќе сега се знае кој е главниот крадец во Косово, рече Красниќи, коментирајќи ја изјавата на Тачи на предизборниот митинг во Глоговац на кој косовскиот премиер го нарече претседателот на Собранието „главен крадец“.