Директорот на американското разузнавање пред Конгресот рече дека шпионирањето на странски лидери е вообичаено и оти долго време е дел од американските операции за следење, како што прават и другите држави.
Националниот директор за разузнавање Џејмс Клапер пред пратениците рече дека тоа е „еден вид на основна догма“ на американското разузнавање – да се дознаат намерите на странските лидери. Клапер и директорот на Националната агенција за безбедност Кит Александер се појавија пред Комитетот за разузнавање откако европските сојузници на САД се налутија по информациите дека американските разузнавачки агенции им ги прислушкуваат телефоните.
Медиумите објавија дека Националната агенција за безбедност следела милиони телефонски разговори во Франција и во Шпанија, како и дека го следела телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел. Медиумите ги добија овие документи од поранешниот соработник на Агенцијата, Едвард Сноуден.