Ховит во Скопје за извештајот на ЕК и медиумите

.

Известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, од денеска ќе престојува во тридневна посета на Скопје.
Ховит ќе се сретне со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а се очекува да присуствува и на седниците на собраниската Комисија за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции, на кои треба да биде презентиран Извештајот на ЕК за земјата.
Покрај Извештајот на ЕК, на средбите што ќе ги има Ховит ќе стане збор и за очекувањата од декемврискиот Европски совет, кој треба да одлучува за петтата по ред препорака за почнување на преговорите со Македонија.
Ховит, како што најави, со владини претставници и со новинарски здруженија ќе разговара и за слободата на изразување.