Еден претставник на американската администрација и дал на Националната агенција за безбедност телефонски броеви на 35 лидери во светот, што таа потоа ги прислушувала. Ова се наведува во извештајот што го објави британскиот весник „Гардијан“ во кој се цитира документ од 2006 година, а кој бил добиен од Едурад Сноуден, поранешен соработник на американските разузнавачки служби.
Во извештајот не се наведуваат имињата на лидерите кои биле шпионирани од Националната агенција за безбедност. Во него се додава дека американски официјален претставник и дал на Агенцијата повеќе од 200 телефонски броеви, меѓу нив и на 35 светски лидери, што ги имале Белата куќа, министерството за одбрана и Стејт департментот.
Ова доаѓа во момент кога Германија, но и Европската унија изрази незадоволство околу наводите дека Соединетите држави ја прислушувале канцелрката Ангела Меркел.
Белата куќа вчера тоа не го демантира, но соопшти дека таквата активност нема да се случи во иднина. Вашингтон смета дека прислушувањето било слично како и тоа што го спроведуваат и другите земји.
Како и да е, критичарите велат дека американските агенции следеле огромни количества податоци на интернет и прислушувале поголем број разговори од она што е неопходно за борба против екстремистите.
На самитот на Европската унија во Брисел, претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави дека лидерите на Германија и на Франција ќе бараат разговори за, како што рече, „разбирање“ со Вашингтон во врска со работата на разузнавачките служби.
„Шефовите на држави и на влади беа запознати со намерата на Франција и на Германија да бараат билатерални разговори со Соединетите држави со цел до крајот на годинава, да најдат заедничко разбирање во оваа сфера. Другите земји ја поздравија оваа иницијатива.“
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пак, изјави дека за многу Eвропејци прислушувањето на нивните телефонски разговори и читањето на нивните мејлови е непристојно, бидејќи тоа го враќа сеништето на тоталитарните фашистички и комунистички режими од минатото.
„Очигледно, обелоденувањата во последниве месеци и денови ја потресоа сигурноста на личната приватност. Ова е многу сериозно прашање, бидејќи за нас станува збор за една од основните вредности“, изјави Баросо.
Францускиот претседател Франсоа Оланд смета дека мора да постои баланс меѓу користењето на следењето за легитимни контратерористички операции и индивидуалните слободи.
Некои европски политичари, според извештаите од Брисел, побарале и прекинување на преговорите со Вашингтон околу договорот за слободна трговија меѓу Соединетите држави и Европската унија.
Но, тоа биле отфрлено со образложение дека немало никаква врска меѓу шпионирањето и трговските прашања.
Во меѓувреме, група американски филмски уметници како режисерот Оливер Стоун и актерот Џон Кузак со нов видео спот го креваат гласот против ваквите американски активности. Спотот е објавен пред саботниот марш во Вашингтон под мотото „Престанете да не следите“.

Очигледно, обелоденувањата во последниве месеци и денови ја потресоа сигурноста на личната приватност. Ова е многу сериозно прашање, бидејќи за нас станува збор за една од основните вредности.