Основниот суд Скопје 1 со писмено соопштение ги опишува како неосновани реакциите на домашните и странските новинарски здруженија за пресудата на новинарот Томислав Кежаровски кој е осуден на 4,5 години казна затвор. Во нивната реакиција е наведено дека оваа пресуда не треба да се претставува страв за вршење на професијата, туку да предизвика сериозна загриженост кај новинарската фела за нивото на едуцираност на поедини новинари за законските прописи од аспект на сериозноста на фактите за кои известуваат наспроти во конкретниот случај злоупотребата на новинарското перо во функција на одредени интереси под превезот на јавниот интерес. Во продолжение на соопштението е наведено: кој му го дал на новинарот правото по субјективна оценка да го брани јавниот интерес за нешто за кое државните органи кои го штитат јавниот интерес и ги спроведуваат законите воделе постапка.
„За судот конечно останува посебно нејасна и загрижувачка реакцијата на ОБСЕ дека преголемата казна за Кежаровски е загрижувачки развој кој испраќа јасна порака за цензура на другите новинари, при што нејасно останува како од кои причини и на што судот врши цензура при спроведувањето на законот во една демократска држава“, реагираат од Судот.