Центарот на Подгорица блокиран за сообраќај поради Парадата

Засилени полициските сили го блокираа денеска поширокото градско подрачје на Подгорица, неколку саати пред почетокот на црногорската парада на гордоста, а од раните утрински часови блокиран за сообраќај е и поширокиот дел на градот. Полицајците се распоредени во пет концентрични кругови, а за обезбедување на поворката денеска пристигна и дополнителна опрема од Белград .Во поворката ќе бидат и претставници на државните органи како и дипломатскиот кор и припадници на ЛГБТ организацијата,а паралелно со ова собирање, политичката групација на Српската листа најави протестна прошетка во близина на парадата.Поворката ќе помине по централната градска улица.