Шпанските скали атак врз современо Скопје

Шпански скали на плоштадот Македонија како дел од проектот Скопје 2014.

Деловниот објект на плоштадот во барок стил, ќе има и две кочии со коњи и десетина скулптури, а треба да биде готов за максимум шест години. Ова се само поединечни атаци на суштината на градот, вели архитектот Даница Павловска.
Плоштадот Македонија како место со меморија би требало да се осмислува како една целина и притоа во идејните решенија за негова надоградба треба да се вклучат меѓународни автори и креатори преку конкурси бидејќи се работи за јавен простор од исклучително значење, велат архитектите. Според кои, тоа е изоставено и во новата градба на плоштадот таканаречените Шпански скали. Земјиштето го купи фирмата Амадеус Девелопмент, а деловниот објект во барок стил, кој ќе има и две кочии со коњи и десетина скулптури ќе треба да биде готов за максимум шест години.
Таа монументалност од минатото тешко може да се реплицира во денешно време и да се прифати, може ќе се навикнеме во иднина на таквото нешто, но тоа нема да стане дел од нас. Ова е едноставно печат на овој миг и толку, градот не го живее патот до ваков вид на декор, тој беше современ и останува современ и модерен град, ова се само поединечни атаци на неговата суштина.
Даница Павловска, архитект.

Архитектот Даница Павловска вели дека новиот проект на владата во декор кој за неа не е ни барок е пример за еден вид на егзебиционизам.

„Таа монументалност од минатото тешко може да се реплицира во денешно време и да се прифати, може ќе се навикнеме во иднина на таквото нешто, но тоа нема да стане дел од нас. Ова е едноставно печат на овој миг и толку, градот не го живее патот до ваков вид на декор, тој беше современ и останува современ и модерен град, ова се само поединечни атаци на неговата суштина.“

Поголемиот дел од граѓаните велат дека плоштадот веќе е претесен за нови објекти.

„Јас сум ги видел вистинските Шпански скали и тие се само едни. Не е работата во изгледот на самите скали, работата е во целиот амбиент и во традицијата, тоа е нешто што не може да пренесе така едноставно.“

„Уште скали ни фалат на плоштадот, толку е пренатрупан, има убавини кои можат да се видат, ама премногу е натрупано.“
Јас сум ги видел вистинските Шпански скали и тие се само едни. Не е работата во изгледот на самите скали, работата е во целиот амбиент и во традицијата, тоа е нешто што не може да пренесе така едноставно.
Анкетиран граѓанин.

„Мислам дека сè што може се направи треба да се направи, тоа е убава работа.“

„Просторот е премногу мал и мислам дека доволно се изградени статуи и споменици“, велат анкетираните граѓани.

Според Павловска сведоци сме на една еуфорична динамика на реализација на проектот Скопје 2014, кој е несинхронизиран и од кој архитектите се изоставени.

„Заради тоа нас ни е непријатно, се чувствуваме запоставено, во смисла со игнорантски однос кон нашите забелешки или нашите инсистирања на вклучување на јавноста, на транспарентност на тој проект од сите негови сегменти, особено во креативниот дел, едноставно укажува на нискиот кредибилитет на самата професија. што е тажно за секој архитект што го живее ова време.“

Освен Шпанските скали во план е плоштадот да добие и нова фонтана.