На повик на невладина организација во Струга беа истакнати македонски знамиња во пресрет на 11 Октомври, но локалната власт сопшти дека само тие имаат право да поставуваат знамиња. За државните празници Илинден и 8-ми Септември во Струга не беа поставени македонски знамиња, или нивниот број беше многу мал.
Невладината организацiја Каприкорн од Струга на сопствена иницијатива деновиве поставуваше македонски знамиња низ градот во пресрет на празникот 11-ти Октомври. На граѓаните им се делеа знамиња кои ги поставуваа на балконите од становите и куќите.
Васко Јолевски претседател на Каприкорн вели дека на ваков чекор се одлучиле затоа што изминатите години градските власти во Струга го игнорирале поставувањето на македонското државно знаме за време на државните празници.
„Ова ќе биде црвен аларм да ја потсетиме локалната власт на должностите кои произлегуваат од законот. Затоа ги повикуваме сите заинтересирнаи граѓани кои имаат балкони и прозори свртени кон главните улици и крстосници во градот, а би сакале да постават државно знаме во пресрет на празникот 11 Октомври да се обратат до нас како невладина организација Каприкорн 2010 Струга“, рече Васко Јолевски претседател на „Каприкорн“.
Директорот на Јавното претпријатие Комунално од Струга, Грип Каба рече дека единствено тие имаат право да поставуваат знамиња и оти биле надминати проблемите кои во минатото се појавиле со поставувањето на државните обележја во градот.
„За празникот 11-ти Октомври се поставени знамиња согласно законот. До сега бидејќи се променети канделабрите во градот ние немавме услови за поставување. Сега имаме договор со една фирма за да постави стегачи по канделабрите и сега се создадени услови да ги поставуваме знамињата и во иднина мислам дека знамињата ќе се поставуваат на места кадешто се поставувале и порано, како што е влезот на Струга и покрај кејот на Црн Дрим“, вели Каба.
Каба додава дека поставувањето знамиња од страна на поединици и организации било противзаконско.
„Се знае кој поставува знамиња. Приватни иницијативи од асоцијации, од друштва и субјекти се знае дека не се законски и тое е непрописно“, рече Каба.
За државните празници Илинден и 8-ми Септември, денот на независноста на Македонија во Струга не беа поставени македонски знамиња, или нивниот број беше многу мал.
Рубин Земон, експерт за мултиетнички прашања, во одбележувањето на историски настани од страна на албанската и македонската етничка заедница во струшко не гледа ништо лошо, но повикува на претпазливост.
„Долгиот процес на растот на социјалистичкото општество каде што националните идентитети не можеа да ги искажат своите чувства и објективни потреби се уште трае во Македонија. На се повеќе настани кои беа прикриени порано им се дава значење. Мислам дека треба да се подигнеме до едно повисоко граѓанско ниво, да се наоружаме повеќе со граѓанска култура и да ги почитуваме потребите на секоја различност. Мислам дека етничките тензии не треба да се подигнат особено ако се работи за настани од минатото. Сметаме дека ова не би требало да влијае врз нарушување на довербата?“, рече Земон.
Ова ќе биде црвен аларм да ја потсетиме локалната власт на должностите кои произлегуваат од законот. Затоа ги повикуваме сите заинтересирнаи граѓани кои имаат балкони и прозори свртени кон главните улици и крстосници во градот, а би сакале да постават државно знаме во пресрет на празникот 11 Октомври да се обратат до нас како невладина организација Каприкорн 2010 Струга.Васко Јолевски, претседател на „Каприкорн“.
Васко Јолевски претседател на Каприкорн вели дека на ваков чекор се одлучиле затоа што изминатите години градските власти во Струга го игнорирале поставувањето на македонското државно знаме за време на државните празници.
„Ова ќе биде црвен аларм да ја потсетиме локалната власт на должностите кои произлегуваат од законот. Затоа ги повикуваме сите заинтересирнаи граѓани кои имаат балкони и прозори свртени кон главните улици и крстосници во градот, а би сакале да постават државно знаме во пресрет на празникот 11 Октомври да се обратат до нас како невладина организација Каприкорн 2010 Струга“, рече Васко Јолевски претседател на „Каприкорн“.
Директорот на Јавното претпријатие Комунално од Струга, Грип Каба рече дека единствено тие имаат право да поставуваат знамиња и оти биле надминати проблемите кои во минатото се појавиле со поставувањето на државните обележја во градот.
За празникот 11-ти Октомври се поставени знамиња согласно законот. Сега имаме договор со една фирма за да постави стегачи по канделабрите и сега се создадени услови да ги поставуваме знамињата и во иднина мислам дека знамињата ќе се поставуваат на места кадешто се поставувале и порано, како што е влезот на Струга и покрај кејот на Црн Дрим.Грип Каба, Јавното претпријатие Комунално од Струга .