Прва вакцина во светот против маларија

A

Британскиот произведувач на лекови ГлаксоСмитКлајн побара дозвола за продажба на првата светска вакцина против маларија. На денешниот медицински собир во Јужна Африка оваа фирма соопшти дека неколкумесечните испитувања покажале дека вакцината скоро го преполовила бројот на децата заболени од маларија. Во неколкумесечните испитувања биле вклучени над 15 илјади деца во седум земји. Од ова заболување годишно умираат над 650 илјади деца, главно во Африка.