Израел соопшти дека го уапсил иранско-белгискиот граѓанин под сомнение за шпионажа за Иран. Израелските безбедносни служби го идентификуваа човекот Али Мансури, роден во Иран. Во соопштението до јавноста се наведува дека Мансури влегол во Израел под името Алекс Ман и бил испратен од страна на елитната Револуционерна гарда на Иран да воспостави бизнис врски во Израел како подлога за шпионирање. Мансури бил фатен со фотографии од Амбасадата на САД во Тел Авив. Мансури беше уапсен на 11 септември во аеродромот во Тел Авив. Тој треба да се појави пред истражен судија на рочиштето во врска продолжување на неговиот притвор.