Министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати ја повтори поддршката за членство на Република Македонија во НАТО Алијансата. На вчерашната средба со неговиот македонски колега Никола Попоски во Њујорк, била потврдена позитивната билатерална соработка и во контекст на нејзино натамошно зацврстување, двајцата министри се договорија да се одржи заедничка седница на Владите, на која би биле договорени проекти од заемен интерес на двете земји. Продлабочувањето на трговската и економската соработка и забрзувањето на реализацијата на тековните проекти од патната, железничката и енергетската инфраструктура биле потврдени како приоритет во односите на двете земји.