Потпретседателот на грчката Влада Евангелос Венизелос во своето вчерашно oбраќање пред Обединетите нации ги повтори грчките позиции дека Македонија мора да прифати ново име, со географска одредница, кое би се употребувало во сите услови.
- Ние сакаме да ги развиваме нашите односи со Поранешната Југословенска Република Македонија, врз основа на принципите на Повелбата на Обединетите нации и во рамките на добрососедските односи. Грција е посветена на тековниот процес на преговори во Обединетите нации за да се изнајде решение на спорот за името. Затоа ги продолжуваме нашите напори да изнајдеме заемно прифатливо име, за сите употреби, ерга омнес, кое нема да остави сиви зони и ќе дозволи јасно разграничување меѓу нашата соседна земја и регионот Македонија во северна Грција, рече Венизелос.
Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи додаде дека ваквото решение ќе овозможи натамошно интегрирање на Македонија во евроатланските институции и ќе придонесе кон просперитетот на целиот регион.