Македонската полиција изутрината започна голема акција во повеќе градови низ Македонија за разбивање мрежа за шверц на дрога и перење пари. Во акцијата што се спроведува во соработка со германската полиција приведени се неколку лица и извршен е претрес во петнаесетина објекти во Велес, Свети Николе, Штип, Струга, Тетово и во други градови. Покрај луѓе и објекти, се проверуваат и фирми преку кои се вршело перењето пари. Се очекува МВР во текот на денов да соопшти повеќе детали за акцијата која се уште трае.