Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром ја предупреди Србија дека оддржувањето на најавената „Парада на гордоста“ во Белград, ќе биде клучен показател за напорите на земјата за приклучување кон Европската унија.
Малмстром на својот блог напиша дека за ова „чувствително прашање“ му испратила писмо на српскиот премиер Ивица Дачиќ, на само два месеци пред лидерите на ЕУ да одлучат за иднината на српската кандидатура за членство.
„Белградската геј парада во 2013 година ќе биде важен чекор за напредокот на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ, преку гарантирање на фундаменталните принципи на еднаквост и недискриминација“, посочи Малмстром на својот блог.
Српските власти во претходните две години го забрануваа оддржувањето на геј-парадите, откако во 2010 година дојде до судири на ваквиот настан.
Планирано е овогодишната „Парада на гордоста“ во Белград да се оддржи на 28 септември.
Владата на Србија се уште не се изјаснила дали годинава ќе дозволи одржување на геј парада, бидејќи има голем отпор од националистите и Српската православна црква.