Владата во новопроектираниот буџет за наредната година предвидува зголемување на пензиите и на надоместот за социјална помош за 5 отсто од март и на платите во јавниот сектор за пет отсто од октомври, најави денеска премиерот Никола Груевски, во обраќањето пред бизнис заедницата.
Се планира и зголемување на додатокот за самохрани родители кои имаат деца со пречки во развојот за 50 проценти од јануари, а се воведуваат и додатоци за мобилност за квадриплегичарите (целосно неподвижни лица) во износ од 7.000 денари месечно и за целосно глувонеми лица од 4.000 денари месечно.
Подготовката на буџетот, како што рече, е во завршна фаза, за кој основните проекции се пораст на БДП од 3,2 отсто, инфлација од 3,3, отсто и дефицит од 3,5 отсто од БДП.
- Ќе продoлжиме со политиката на зголемување на капиталните инвестиции за реализација на крупни капитални инфраструктурни објекти, истакна Груевски.
Премиерот информира дека Владата пред неколку дена добила информација оти Ексим банката на Народна Република Кина и Министерството за трговија одобриле заем за изградба на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип од 50 километри со преференцијална камата од 2 отсто, како и дека е во завршна фаза одобрување заемот за автопатот од Кичево до Охрид и Струга од 57 километри под истите поволни услови што ни беа образложени. Заемот ќе го земе Агенцијата за патишта со рок на отплата од 20 години, од кои 5 години грејс период.