Европа и Азија низ камерите на РСЕ

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

10.09.2013

Читај и гледај - Секој ден видео ТВ вести од регионот што го покрива Радио Слободна Европа
1. Ерменската полиција уапсила 7-мина демонстранти во Ереван, близина на канцелариите на градоначалникот. Демонстрантите го обвинуваат градоначалникот за корупција во врска со зголемувањето на цените на јавниот транспорт.

2. Продолжува битката за профитот од рудникот за злато во Киргистан. Владата му предложи на парламентот да го смени договорот со канадската компанија која го експлоатира рудникот, со тоа што киргистанската држава би имала сопственост на 50 отсто од акциите, наместо досегашните 33 отсто.

3. Опозициониот кандидат за градоначалник на Москва, Алексеј Навални, изјави дека има математички доказ дека изборите не се регуларни. Изборната комисија веќе потврди дека про-владиниот кандидат Сергеј Собјанин освоил 51 отсто од гласовите и оти нема потреба од втор круг. Според комисијата, Навални освоил 27 отсто.

4. Владата на пакистанската провинција Кибер Пактунква започна акција за запишување на училиште. Се проценува дека оклу 2 ипол милиони деца не одат на училиште. Слоганот на кампањата е читај, пишувај и смени го животот.

5. Во босанскиот град Вишеград започна реконструкцијата на мостот Мехмед Паша Соколовиќ, кој е заштитен од УНЕСКО. Мостот од 16-тиот век, од времето на Отоманската имерија, беше запуштен со децении, а реконструкцијата го финансира и турската влада со 5 милиони евра.

6. Во Ашгабат, Туркменистан започна меѓународен фудбалски турнир за играчи до 17 години. На отворањето, со мал број гледачи, играа Русија и Таџикистан, а на турнирот учествуваат уште Иран, Кувајт, Белорусија, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан.