Американскиот државен секретар Џон Кери се среќава со министрите за надворешни работи од земјите членки на Европската унија со цел да обезбеди подршка за американските планови за воена интервенција во Сирија. Европските земји се поделени околу американската иницијатива која следи по наводната употреба на хемиско оружје против бунтовниците. Неколку европски земји бараат официјален Вашингтон да се воздржи од воен напад, додека инспекторите на Обединетите нации ги утврдуваат деталите за наводната употреба на хемиско оружје во близина на Дамаск минатиот месец. Германија е против интервенција а Британскиот парламент гласаше против инволвираност на Велика Британија во воена операција во Сирија. Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој претходно ги подржуваше ваквите планови, во петокот изјави дека одлуката ќе се носи по извештајот од Обединетите нации.