Навидум самитите на Групата 20 развиени и земји во развој се економски форуми. На дводневниот самит во Санкт Петербург е планирано да се разговара за широка палета на теми, од меѓународните финансиски реформи до подобрување на мултилатералната трговија. Но, по се изгледа, сето ова ќе падне во сенка на Сирија.
Уште од почетокот на задушувањето на протестите против Башар ал Асад во 2011 година, Обединетите нации не успеваат да постигнат консензус за осуда на сиријскиот режим, а камо ли за некаква акција.
Генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун се надева дека токму собирот на 20 лидери во Санкт Петербург е добра основа за напредок во решавањето на конфликтот.
„Самитот на Г20 во Санкт Петербург е со цел да се фокусира врз економските прашања, вклучувајќи ги и милениумските развојни цели. Но, јас ќе ја искористам можноста да ги ангажирам светските лидери да се вклучат во решавањето на оваа трагедија, вклучувајќи хуманитарна помош за над два милиона бегалци и над 4 милиони внатрешно раселени сиријци.“
Две од петте земји со право на вето во Советот за безбедност, Русија и Кина, решително се држат на нивната позиција дека Светската организација нема зошто да се меша во внатрешни недоразбирања на суверени држави. Во тоа особено предничи Москва која му е долгогодишен сојузник на Дамаск.
Но, со трупањето докази за користење хемиско оружје и со подготвеноста на Вашингтон воено да одговори, се поставува прашањето дали глобалната акција е уште еднаш во фокусот на вниманието.
Климата во која самитот на Г20 се одржува можеби е несреќна. И онака млаките односи меѓу Барак Обама и Владимир Путин длабоко замрзнаа по руската понуда за азил на Едвард Сноуден во минатиот месец.
Како одговор на тоа Обама ја откажа претсамитската средба со Путин. Но, како што пишува весникот Индепендент, Санкт Петербург се уште претставува примарна дипломатска можност. Тоа на извесен начин го потврди и Обама:
„Дали се надевам дека Путин ќе ја смени неговата позиција за некои од овие прашања? Јас секогаш се надевам и ќе продолжам да го уверувам, бидејќи мислам дека меѓународната акција ќе биде поефикасна, а ние ќе можеме да ги запреме убивањата ако Русија земе поинаква насока во решавањето на овие проблеми.“
Иако финалната одлука за американските воздушни удари против режимот на Асад сега е во рацете на поделениот Конгрес, меѓународната поддршка не е ништо помалку потребна, особено откако британскиот парламент ги заузда плановите на премиерот Камерон за британско вклучување.
Би можело да има надеж дека „тет а тет“ разговорите меѓу клучните регионални и светски лидери ќе помогне за надминување на ќорсокакот во Обединетите нации. Но, Сирија не е единствената криза околу која ќе се кршат копјата на самитот во Санкт Петербург.
Секако дека пред се станува збор за економските тешкотии во светот. И тука сите ја нагласуваат потребата од соработка. Во спротивно, дури и поголемите светски проблеми, како регулирањето на банките и климатските промени ќе имаат малку надеж да бидат решени.
Г20 можеби заживеа како економски форум, но токму собирот во Санкт Петербург покажува дека оваа група добива политички предзнак.

Дали се надевам дека Путин ќе ја смени неговата позиција за некои од овие прашања? Јас секогаш се надевам и ќе продолжам да го уверувам, бидејќи мислам дека меѓународната акција ќе биде поефикасна, а ние ќе можеме да ги запреме убивањата ако Русија земе поинаква насока во решавањето на овие проблеми.Барак Обама, претседател на САД