Земјоделците од Пелагонија се жалат дека пченицата им остана неоткупена и бараат владата да организира интервентен откуп на преостанатите количини за државните резерви.
Земјоделците од Пелагонија се жалат дека неоткупени останаа поголеми количини на домашно жито, а државата веќе ја укината забраната за увоз на пченица од Србија. Тие реагираат дека житото им остана по амбарите, па годинава ќе останат и со празни џебови. Како последна надеж бараат Владата да организира интервентен откуп на преостанатите количини домашно жито за државни резерви.
„Со ова сега што се случи со увозот на пченица од Србија, нашето производство остана тука. Лично јас кажувам за мене пченицата ми остана во магацинот околу 50 тони. Но, не сум јас таков, има многу земјоделци на кои им остана печницата во селото. Сега има некоја цена никаква од 10 денари за килограм со која не можеме да ги покриеме ни трошоците. Имавме некој договор да ја кренат, а сега со подигањето на рампата за увоз кон Србија, ни откажаа да ја купат. Бараме Владата да интервенира со откуп за државни резерви по 14 денари, а не по 10“, реагира земјоделецот од битолско Коста Богоевски.
„Годинава е катастрофа, вакво нешто не било со години. Ние од таа печница живееме. Рекоа дека ќе биде по 14 денари, а нема ништо од тоа, по 10 денари е. Нафатата ја поскапија, како ќе опстаниме не знам. Дозволија увоз и ние сега треба да банкротираме“, вели земјоделецот Јосип Здравевски.
„Од кај мене не е откупено житото, 10 тони имаме. Цената не е добра, 10 денари. Нека ни дадат нафта по 40 денари, ние ќе му го дадеме поевтино житото. Два денари субвенција од килограм не не радува, бараме откуп барем по 13 денари“, коментира Гоце Петревски.
Наспроти ваквите тврдења, од Министерството за земјоделство соопштија дека најголемото количество на годинешното производство на овој стратешки прехранбен производ, лебното жито е откупено. Ваквите тврдења велат дека ги темелат на прецизни податоци од Државниот инспекторат за земјоделство собрани од терен.
Инаку, мерката за заштита на домашното производство воведена од Владата која траеше летово подразбираше врзан откуп на пченица и брашно. За секој увезен килограм странска пченица да се купат 3 килограми домашна, а за секој килограм брашно 4 килограми домашно. Врзаниот увоз за жито е укинат, а од 15 септември и за брашното. Заради ваквата мерка Владата годинава беше многу пати критикувана од Србија и под закани дека таа ќе воведе реципроцитетни мерки при увозот на македонското вино.
Лично јас кажувам за мене пченицата ми остана во магацинот околу 50 тони. Но, не сум јас таков, има многу земјоделци на кои им остана печницата во селото. Сега има некоја цена никаква од 10 денари за килограм со која не можеме да ги покриеме ни трошоците.Коста Богоевски, земјоделец.
Од кај мене не е откупено житото, 10 тони имаме. Цената не е добра, 10 денари. Нека ни дадат нафта по 40 денари, ние ќе му го дадеме поевтино житото. Два денари субвенција од килограм не не радува, бараме откуп барем по 13 денари.Гоце Петревски, земјоделец.