74 врвни наслови од светската и од македонската кинематографија, меѓу кои четири премиери, два кандидати за Оскар и голем број наградувани филмови, распоредени во 10 програмски целини, ќе бидат прикажани на 34. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што под мотото „Пушти ја светлината“, од 14 до 20 септември, ќе се одржи во Битола.
Главната програма на 34-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ на љубителите на седмата уметност ќе им понуди 12 исклучителни филма. Така, покрај „Соба со пијано“ на нашиот Игор Иванов, кој ќе биде прикажан на свеченото отворање на манифестацијата, за наградите „Златна, сребрена и бронзена Камера 300“ ќе се борат и „Допирот на гревот“ на етаблираниот кинески автор Џиа Зангке и кинематиограферот Нелсон Ју Ликваи, израелскиот „Слатки“ на Јозеф Пичкадзе, кој во Битола ќе ја има светската премиера и повторно во Македонија ќе го донесе снимателот Фред Келеман, како и белгискиот „Танго либре“ во режија на Фредерик Фонтејн и со фотографија на Виржини Сент-Мартен.
Овојпат во селекцијата се вклучени четири црно-бели филмови, а во избор на Благоја Куновски ќе видиме и два лауреати од фестивалот во Карлови Вари, украинскиот „Куќа со кула“ на Ева Неиман и полскиот „Папуша“ на Јоана и Кшиштоф Краузе. Овде се и и неколку филма од Берлин, Кан и Венеција, меѓу кои белгиско-холандскиот „Петтото годишно време“, казахстанскиот „Лекции по хармонија“ и сингапурскиот „Ило, Ило“.
Петтото издание на „Нови визии“, чиј селектор е Сунчица Уневска, ќе понуди шест жестоки проекти, од кои само еден европски - словенечкиот „Адрија блуз“ на режисерот Мирослав Мандиќ кој овде ќе ја има регионалната премиера. Четири од филмовите се дебитански, а на два од нив како директори на фотографија се потпишуваат жени – Марија Секо од Канада и Софија Огиони од Колумбија.
Во документарната програма (за која одбирот го правеше Евгенија Теодосиевска) вклучени се осум провокативни филма продуцирани во изминатата година меѓу кои палестинскиот „Уметност/Насилство“, швајцарскиот „Забранети гласови“ ( сторија за смелоста на неколку блогери) или израелскиот „Чувари на портите“ (дело кое се фокусира на работата на израелската тајна служба) кој беше номиниран за Оскар. Во оваа
компетиција ќе се случи и премиерата на документарецот на Марија Џиџева - „Барајќи ја среќата“ (сторија за ергените од битолско кои бараат невести во Албанија).
Тука се и 11 кратки филмови кои ќе се натпреваруваат за наградата „Мала камера 300“ ( во оваа компетиција ќе се случи и македонската премиера на „Алерик“ - стоп анимацијата на Вук Митевски, а ќе биде прикажан и „409“ на Даријан Пејовски), а во соработка со Европската филмска академија предвидено е и прикажување на 18 краткометражни остварувања.
„Дефинитивно имаме еден од најсериозните и најинтересните фестивали. Во програмата се вклучени најголем дел од бисерите на актуелната светска кинематографија. Како никогаш досега сме тотално полни. Ќе видите дека од 10,30 наутро до 2.00 часот по полноќ ќе има постојани случувања насекаде низ Битола. Навистина, не само нам на филмските професионалци, туку и на сите битолчани, овие седум дена ќе
им дариме една убава, најубава нордиска светлина како што само Вердер може да ја прикаже“, вели во пресрет на фестивалот Лабина Митевска, наново избраната директорка на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“.
Инаку, акцент на годинашното издание на манифестацијата е ставен на македонскиот филм. Во „Македонската панорама“ ќе бидат прикажани шест кратки домашни остварувања, Кинотека на Македонија на 16 септември ќе го промовира ДВД на кое е документиран реставрираниот опус на целокупното творештво на браќата Манаки и згора на тоа ќе се случи и ретроспективата на филмови од Кирил Ценевски, кому годинава во април му беше доделена наградата „Златен објектив“. И, токму Ценевски како режисер е и добитник на нововостановената награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ зад која застана Друштвото на филмските професионалци.
„Тоа ќе биде награда која ќе се разликува од другите. Нема да се доделува од политичка или од било која друга калкулација. Ќе биде доделувана само тогаш кога има причина и заслуг. Таа можеби нема да се доделува секоја година, но ќе биде доделена само на исклучителните. Од срце. Со длабока почит. За филмските луѓе. За најуспешните во филмот. Како една благодарност и незаборав. Оваа прва ѕвезда ќе ја добие за нас најзаслужниот наш филмски маг – Кирил Ценевски“, потенцира Горјан Тозија, претседател на Друштвото на филмските работници.
Згора на ова покрај проекциите на новата дигитална опрема што ја доби Центарот за култура – Битола, а со цел за воведување во филмот и стекнување на филмска култура ќе бидат прикажани пет бесплатни филмови за деца, а ќе се одржи и креативната работилница „Децата во фокусот“. Во рамките, пак, на придружната програма ќе се одржат и неколку работилници, мастер класови и конференции, меѓу кои и конференцијата на Европската федерација на кинематографери (ИМАГО) на која на 19 септември се очекуваат 40 учесници.
И само да потсетиме, добитник на наградата „Златна камера 300 за животно дело“ е шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкалин, познат по соработката со режисерот Педро Алмодовар, а специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност и е доделена на водечката француска снимателка Ањес Годар, која е првата жена – директор на фотографија која што се закити со ова признание во 34 годишната историја на Фестивалот.
Дефинитивно имаме еден од најсериозните и најинтересните фестивали. Во програмата се вклучени најголем дел од бисерите на актуелната светска кинематографија. Како никогаш досега сме тотално полни. Ќе видите дека од 10,30 наутро до 2.00 часот по полноќ ќе има постојани случувања насекаде низ Битола. Навистина, не само нам на филмските професионалци, туку и на сите битолчани, овие седум дена ќе им дариме една убава, најубава нордиска светлина како што само Вердер може да ја прикаже.Лабина Митевска, директорка на „Браќа Манаки“.
Овојпат во селекцијата се вклучени четири црно-бели филмови, а во избор на Благоја Куновски ќе видиме и два лауреати од фестивалот во Карлови Вари, украинскиот „Куќа со кула“ на Ева Неиман и полскиот „Папуша“ на Јоана и Кшиштоф Краузе. Овде се и и неколку филма од Берлин, Кан и Венеција, меѓу кои белгиско-холандскиот „Петтото годишно време“, казахстанскиот „Лекции по хармонија“ и сингапурскиот „Ило, Ило“.
Петтото издание на „Нови визии“, чиј селектор е Сунчица Уневска, ќе понуди шест жестоки проекти, од кои само еден европски - словенечкиот „Адрија блуз“ на режисерот Мирослав Мандиќ кој овде ќе ја има регионалната премиера. Четири од филмовите се дебитански, а на два од нив како директори на фотографија се потпишуваат жени – Марија Секо од Канада и Софија Огиони од Колумбија.
Во документарната програма (за која одбирот го правеше Евгенија Теодосиевска) вклучени се осум провокативни филма продуцирани во изминатата година меѓу кои палестинскиот „Уметност/Насилство“, швајцарскиот „Забранети гласови“ ( сторија за смелоста на неколку блогери) или израелскиот „Чувари на портите“ (дело кое се фокусира на работата на израелската тајна служба) кој беше номиниран за Оскар. Во оваа
Тоа ќе биде награда која ќе се разликува од другите. Нема да се доделува од политичка или од било која друга калкулација. Ќе биде доделувана само тогаш кога има причина и заслуг. Таа можеби нема да се доделува секоја година, но ќе биде доделена само на исклучителните. Од срце. Со длабока почит. За филмските луѓе. За најуспешните во филмот. Како една благодарност и незаборав. Оваа прва ѕвезда ќе ја добие за нас најзаслужниот наш филмски маг – Кирил Ценевски.Горјан Тозија, претседател на ДФР.