Американскиот претседател Барак Обама повтори дека меѓународната заедница не може да молчи во врска со варварскиот чин, - хемискиот напад во Сирија. По разговорите со шведскиот премиер Фредерик Раинфилд во Стокхолм, Обама изјави дека со неговиот домаќин оцениле дека доколку не се интервенира, постои опасност од нова употреба на хемиско оружје. Обама, откако ја откажа средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ја посети Шведска пред утрешното учество на самитот на Г 20 во Санкт Петерсбург, Русија.