Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва останува неубедена од американските докази дека владата на сирискиот претседател Башар ал Асад употребила хемиско оружје. Тој оцени дека сириската опозиција нема да биде поотворена за политичко решение во случај на меѓународна интервенција во Сирија.