Во Соединетите држави се одбележува 50 годишнината од кога борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг го одржа легендарниот говор „Јас имам сон“. Црковните ѕвона во земјата ќе се огласат по обраќањето на претседателот Барак Обама на скалите на Меморијалниот центар Ликолн, на истото место каде што Кинг ја артикулира неговата визија за земја слободна од расна нееднаквост.
Говорот на афроамериканскиот баптистички свештеник Мартин Лутер Кинг беше клучен момент за граѓанските права во Соединетите држави. Тој се смета и за највлијателен повик за социјална правда во историјата.
„Јас имам сон дека еден ден оваа нација ќе се издигне и ќе живее според вистинското кредо на нејзиното постоење: „За нас оваа вистина е разбирлива сама по себе: дека сите луѓе се создадени еднакви. Јас имам сон дека еден ден на црвените ридови на Џорџија синовите на поранешните робови и синовите на поранешните сопственици на робови ќе бидат во можност да седнат заедно на масата на братството.“
Овој говор инспирира генерации на активисти во светот да спроведуваат ненасилен отпор или, како што има кажано самиот Кинг, на „средба на физичката со духовната сила“.
Подоцна беше откриено дека 34 годишниот свештеник всушност не се држел до неговиот претходно подготвен говор.
„Јас имам сон дека моите четири мали деца еден ден ќе живеат во земја каде што нема да им биде судено според бојата на нивната кожа, туку според нивниот карактер. Имам сон денеска.“
Говорот на Кинг беше всушност кулминација на „Маршот кон Вашингтон за работа и слобода“ на кој учествуваа околу 250 илјади луѓе од сите раси во земјата која беше потресувана од расни и социјални тензии.
Овие настани на 28 август 1963 година ќе поттикнат донесување на низа закони за подобрување на граѓанските права. Една година потоа Кинг ја доби Нобеловата награда за мир. Во 1968 година беше убиен во атентат.
Организаторите на денешниот марш велат дека нивна цел е сеќавање на овие настани, но и да укажат на потребата од поголем напредок во справувањето со се уште постојната расна нееднаквост, имиграцијската реформа и правата на хомосексуалците.
„Движењето останува релевантно, бидејќи еволуира како сeкојдневна потреба, а тоа за Aфроамериканците е да постигнат паритет со други Aмериканци. Не сме ни блиску до тоа. Ние сме многу повеќе заедно како резултат на работата на движењето за граѓански права, доктор Кинг, и сите преостанати. Но, причината зошто ова движење за граѓански права се уште има такви резонанца меѓу американскиот народ е дистанцата што се уште треба да ја изодиме, а не дистанцата до која дојдовме“, вели Елеонор Холмс Нортон, активистка која учествуваше и на маршот пред педесет години.
И додека Афроамериканците имаат значаен напредок во врска со нивното образование и политичка моќ, нивната невработеност во Соединетите држави е двојно поголема од онаа на белците, што е ист однос како и пред 50 години.
Истражувањата покажуваат дека за ваквиот јаз делумно е одговорна се уште постојната дискриминација. Афроамериканците претставуваат над 14 насто од населението во земјата, но и над 40 насто од популацијата во американските затвори.

Јас имам сон дека моите четири мали деца еден ден ќе живеат во земја каде што нема да им биде судено според бојата на нивната кожа, туку според нивниот карактер. Имам сон денеска.Мартин Лутер Кинг.