Од Либија до Тунис, од Сирија до Египет, народните востанија кои пред две години уриваа влади неуспеаа да продуцираат демократски реформи и подобар живот за милиони луѓе. Со сегашното, по се изгледа, враќање на авторитарниот режим во Египет експертите се прашуваат дали може да се каже дека Арапската пролет е неуспех.
Пред една година египќаните гласаа на првите претседателски избори во нивната земја. Денес, тој брз поглед во демократијата е избришан со соборен претседател, убивање цивили и страхување од граѓанска војна.
Но, тие не се единствените кои успешно ги соборија владарите за време на познатата Арапска пролет, а сега живеат во несигурност и насилство. Тунижаните и Либијците се сведоци на жестоки борби за власт и голема сиромаштија. Сиријците пак, можат да избираат дали да избегаат од земјата или да останат и да ризикуваат да бидат убиени.
Недостигот на демократски прогрес и сегашното египетско враќање кон воено владеење го покрена прашањето дали на Арапската пролет и заѕвони смртното ѕвонче.
„Секако многу е тешко денес, седејќи тука во Вашингтон, да зборуваме за големите надежи за демократија кога Египет е во хаос, кога Сирија е во крвава граѓанска војна и кога Либија е растргната меѓу бесни милиции. Загриженоста за Арапската пролет е основана“, вели Мона Јакубијан, постар советник за Блискиот Исток во Центарот Стимсон, додавајќи дека би можело работите да се влошат повеќе пред да тргнат на подобро.
„Сметам дека на подолг период треба да имаме на ум оти овие транзиции се дел од историската трансформација на регионот и верувам дека ќе треба да минат генерации“, вели Јакубијан.
Всушност вакумот на власт што беше креиран по падот на владите поттикна жестоки политички битки меѓу групите кои немаа никакво демократско искуство.
Се судрија исламисти и секуларисти, а правото слободно да се изрази политичкиот поглед доведе до продлабочени поларизации и насилства. Кон ова, ако не и најважно, според аналитичарите, е тешката економска состојба во која се наоѓаат земјите од Арапската пролет.
„Не можете да поправите скрешна цевка ако над неа кажете „Алаху акбар“, вели една Египќанка. Во текот на историјата, револуционарните политички промени секогаш траеле со години.
Познатата Прашка пролет во 1968 година беше потисната од советските тенкови, но помогна да се посее семето на промени во Централна и Источна Европа што водеше до пад на Берлинскиот ѕид 20 години потоа.
И претходните револуции како Француската, Руската или Американската беа проследени со децении на хаос, вели Џон Еспосито, професор по религија на универзитетот Џорџтаун.
„Соединетите држави се многу добар пример дека по револуцијата имавме граѓанска војна. Кога ја прославуваме нашата револуција ние некако го блокираме фактот дека имавме и крвава граѓанска војна“, вели професор Еспосито.
Мона Јакубијан верува дека младите генерации ќе бидат тие што ќе го преземат факелот на Арапската пролет. „Сега кога тие ја вкусија слободата, ќе сторат се што можат за да не ја загубат“, вели таа.
Но, тие не се единствените кои успешно ги соборија владарите за време на познатата Арапска пролет, а сега живеат во несигурност и насилство. Тунижаните и Либијците се сведоци на жестоки борби за власт и голема сиромаштија. Сиријците пак, можат да избираат дали да избегаат од земјата или да останат и да ризикуваат да бидат убиени.
Недостигот на демократски прогрес и сегашното египетско враќање кон воено владеење го покрена прашањето дали на Арапската пролет и заѕвони смртното ѕвонче.
„Секако многу е тешко денес, седејќи тука во Вашингтон, да зборуваме за големите надежи за демократија кога Египет е во хаос, кога Сирија е во крвава граѓанска војна и кога Либија е растргната меѓу бесни милиции. Загриженоста за Арапската пролет е основана“, вели Мона Јакубијан, постар советник за Блискиот Исток во Центарот Стимсон, додавајќи дека би можело работите да се влошат повеќе пред да тргнат на подобро.
Сметам дека на подолг период треба да имаме на ум оти овие транзиции се дел од историската трансформација на регионот и верувам дека ќе треба да минат генерации