Украина го забрани увозот на пченица од Русија откако руските царински служби ги заостриja регулативите за увоз на украински прехрамбени производи. Претставници на украинските санитарни и ветеринарни служби соопштија дека забраната на увозот на пченица од Сибир и Северен кавказ е донесена поради откриени случаи на шап и лигавка. Одлуката е донесена додека на руско – украинската граница се создава колона од шлепери кои пренесуваат украински прехрамбени производи. Руската влада, од друга страна, тврди дека не води трговска војна со Украина.