Во време кога некои луѓе немаат ниту за леб, неблагодарно е да се трупаат фонтани и споменици на скопскиот плоштад, велат граѓаните. Други, пак, сметаат дека на плоштадот има место и за нови објекти.
Во време кога некои луѓе немаат ниту за леб, неблагодарно е да се трупаат фонтани и споменици во централниот дел од градот, велат дел од граѓаните по најновата одлука на градските власти повторно да го реконструираат плоштадот, односно да изградат уште една фонтана на просторот меѓу фонтаната на Александар Македонски и Камениот Мост и повторно да ја вратат коцката.
„Не е оправдано толку пари да се трошат, затоа што веќе слушаме дека некои луѓе немаат пари ни за леб.“
„Значи многу би сакале да има фонтани, што да ви кажам, па сите да се бањаме, бидејќи со оглед на стандардот не можеме многу да шетаме.“
„Преоптоварено е сè, толку се направи напор да се стисне се на едно место.“
„Доволно е, ќе биде пренатрупано тогаш, на што ќе личи плоштадот?“
„Навистина премногу е, а друго е што веќе е и многу скапо, јас не знам од каде пари, а народот веќе нема пари леб да јаде, се претера веќе.“
„Има една, што ќе е уште една?“
„Плоштадот ќе биде многу оптоварен, наполнет, ќе нема слободно место“, велат анкетираните граѓани.
Некои, пак, се задоволни од најновата одлука на властите. Велат дека сè што се гради во градот е прифатливо и оти уште има простор што би можел да биде искористен.
„Многу сум задоволен што се гради и што изгледа убаво, така што сè што се гради во градот го прифаќам.“
„Нека има, досега ништо немаше на плоштад, а тоа убаво беше?“
„Има простор, зошто да не може да се искористи и тој дел, покрај сите споменици добро ќе дојде уште една фонтана“, велат анкетираните граѓани.
На најавите за изградба на уште eдна фонтана на плоштадот во Скопје и враќањето на коцката, граѓаните реагираат различно. Погледнете ја анкетата и коментирајте во рубриката Хајд Парк.
Градот Скопје деновиве распиша и оглас за избор на изведувач кој ќе го реконструира плоштадот. Антикорупционерите коментираат дека се сосема легитимни прашањата во јавноста за оправданоста на оваа постапка, пред сè ако се има предвид поранешното искуство со нетранспарентноста на ваквите постапки и зделки во кои се одлеваат многу повеќе пари од првично планираните.
„Во тие какви зделки постои многу простор за одлевање на средства од она што реално ќе се потроши за реконструкција на објектот, однапред се договараат, се дигаат цените на материјалите коишто се вложени таму и секогаш таму постои простор за сомневање дека ќе има корупција и одлевање на средства од буџетот, но не за таа намена“, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси интернејшнал Македонија.
Според најавите, новата фонтана ќе има 128 прскалки, а ќе биде со должина и ширина од 15 метри. Дел од плочките што ќе бидат извадени ќе се употребат на плоштадот кај црквата Пресвета Богородица, а на местото на извадените ќе биде поставена коцка. Од Град Скопје не информираат колку ќе чини реновирањето на плоштадот, туку само дека две третини од парите ќе ги обезбеди Владата, а останатите Градот.
Многу би сакале да има фонтани, што да ви кажам, па сите да се бањаме, бидејќи со оглед на стандардот не можеме многу да шетаме.Анкетиран граѓанин.
„Не е оправдано толку пари да се трошат, затоа што веќе слушаме дека некои луѓе немаат пари ни за леб.“
„Значи многу би сакале да има фонтани, што да ви кажам, па сите да се бањаме, бидејќи со оглед на стандардот не можеме многу да шетаме.“
„Преоптоварено е сè, толку се направи напор да се стисне се на едно место.“
Има простор, зошто да не може да се искористи и тој дел, покрај сите споменици добро ќе дојде уште една фонтана.Анкетиран граѓанин.
„Доволно е, ќе биде пренатрупано тогаш, на што ќе личи плоштадот?“
„Навистина премногу е, а друго е што веќе е и многу скапо, јас не знам од каде пари, а народот веќе нема пари леб да јаде, се претера веќе.“
„Има една, што ќе е уште една?“
„Плоштадот ќе биде многу оптоварен, наполнет, ќе нема слободно место“, велат анкетираните граѓани.
Некои, пак, се задоволни од најновата одлука на властите. Велат дека сè што се гради во градот е прифатливо и оти уште има простор што би можел да биде искористен.
„Многу сум задоволен што се гради и што изгледа убаво, така што сè што се гради во градот го прифаќам.“
„Нека има, досега ништо немаше на плоштад, а тоа убаво беше?“
„Има простор, зошто да не може да се искористи и тој дел, покрај сите споменици добро ќе дојде уште една фонтана“, велат анкетираните граѓани.
На најавите за изградба на уште eдна фонтана на плоштадот во Скопје и враќањето на коцката, граѓаните реагираат различно. Погледнете ја анкетата и коментирајте во рубриката Хајд Парк.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5