Грузискиот претседател Михаел Саакашвили во пресрет на петгодишнината од војната меѓу Грузија и Русија изјави дека се обидел да го спречи конфликтот. Тој наводно предложил дека Грузија ќе се откаже од амбициите да стане членка на НАТО, доколку за возврат Москва се откаже од Јужна Осетија и Абхазија.
Во интервју за грузиската телевизија Рустави 2, претседателот Михаел Саакшавили изјави дека ова му го понудил на рускиот претседател Владимир Путин на неформалниот самит на Заедницата на независни држави што се одржа во февруари 2008 година.
„Му рековме на Путин дека ние сме подготвени да му кажеме „не“ на НАТО“, изјави Саакашвили, наведувајќи дека за возврат побарал помош од него во врска отцепените региони Јужна Осетија и Абхазија.
„Путин не се помисли ни минутка. Се насмеа и рече: „Не разменуваме територии за вашата геополитичка ориентација“. Тоа значеше дека ние и онака ќе ги земеме вашите територии.“
Ноќта меѓу седми и осми август истата година, грузиските сили покренаа офанзива во Јужна Осетија, која Тбилиси се уште ја смета за дел од Грузија. Руските сили веднаш интервенираа.
Грузија загуби, по што Јужна Осетија и Абхазија прогласија независност која брзо беше призната од Москва.
Рускиот премиер Дмитри Медведев, кој тоа време беше шеф на државата во интервју за грузиската телевизија дадено деновиве ја бранеше одлуката да испрати руски сили во Јужна Осетија.
„Ќе ви го кажам ова. Ја донесов одлуката и верувам дека тоа беше единствената правилна работа во дадената ситуација. Немаше никакви услови за поинаква одлуката. Тоа ќе беше голема грешка.“
Медведев исто така ги коментираше и грузиските чекори да стане членка на НАТО, оценувајќи дека тоа ќе ги затегне односите со Русија.
„Не можеме да прифатиме држава која е членка на друга воено политичка алијанса и чии нуклеарни ракети се насочени кон цели лоцирани во Русија“, изјави Медведев, додавајќи:
„Ова е наш пристап. Вие имате ваши. Нашиот национален пристап е дека Русија е многу голема земја со огромен нуклеарен арсенал. Вие не можете до го игнорирате тоа.“
Елене Коштарија од невладината организација „Грузиски реформски соработници“ оценува дека ваквите коментари на Медведев ги игнорираат интересите на Грузија и оти Кремљ смета дека Тбилиси би требало да ја прифати новата реалност и да ја признае независноста на Абхазија и Јужна Осетија.
„Третата многу важна порака дури содржи и директна закана против Грузија, односно дека земјата не може да оди во НАТО. Ние можеби имаме право да станеме членка на НАТО, но треба да имаме предвид дали тоа и се допаѓа на Русија, бидејќи таа е голема нуклеарна сила“, оценува Елене Коштарија од невладината организација „Грузиски реформски соработници“.
„Му рековме на Путин дека ние сме подготвени да му кажеме „не“ на НАТО“, изјави Саакашвили, наведувајќи дека за возврат побарал помош од него во врска отцепените региони Јужна Осетија и Абхазија.
„Путин не се помисли ни минутка. Се насмеа и рече: „Не разменуваме територии за вашата геополитичка ориентација“. Тоа значеше дека ние и онака ќе ги земеме вашите територии.“
Ноќта меѓу седми и осми август истата година, грузиските сили покренаа офанзива во Јужна Осетија, која Тбилиси се уште ја смета за дел од Грузија. Руските сили веднаш интервенираа.
Путин не се помисли ни минутка. Се насмеа и рече: „Не разменуваме територии за вашата геополитичка ориентација“. Тоа значеше дека ние и онака ќе ги земеме вашите територии.Грузискиот претседател Михаел Саакашвили