Опасност Охридско Езеро да стане бетониран базен

Индискиот бизнисмен Субрата Рој го посети Охрид.

Постои опасност Охридското Езеро е да стане затворен бетониран базен околу кој ќе гравитираат околу 200.000 луѓе, коментира охридски архитект и поранешен главен градски архитект Димитар Зарчев по најавата дека Субрата Рој ќе гради објекти кај охридски Свети Наум.
Во постоечкиот просторен план за охридско - преспанскиот регион кој е изработен и кој важи во период од 2006 до 2020 година на ниту едно место во тие документи не се споменува ниту можност да се разговара за изградба на објекти кај Свети Наум, вели познатиот охридски архитект и поранешен главен градски архитект Димитар Зарчев.
Сега постои опасност Охридското езеро е да стане затворен бетониран базен околу кој ќе гравитираат околу 200.000 луѓе.
Димитар Зарчев, архитект.

„Во случајот со Свети Наум никаде во тие документи, регулативи, не се споменува можност да се избере локација, па ниту можност да се разговара за таков објект за кој се разговара во моментот и кој некој ни го сервира сега. Сега постои опасност Охридското езеро е да стане затворен бетониран базен околу кој ќе гравитираат околу 200.000 луѓе“, вели Зарчев.

Проектот „Сахарајан Македонија“.


Зарчев вели дека каква било измена за делот кој е соодветно заштитен треба да се формира посебно стручно тело.

„И тоа тело треба да седне и сите предлози за било какви измени кои ќе доаѓаат за третирање, како ситуацијата што е со Субрата Рој, треба да утврди дали воопшто треба да се разгледува и дали такво барање треба да се постави. Според оваа документација која ја имаме ни на крај памет не треба на некој да му текне да бара таква работа на Свети Наум или било каде на друго место на Охридското езеро. Ова е апсурдна ситуација што се случува“, вели Зарчев.
Не гледам добро на тој проект, бидејки е предимензиониран, без соодветните процедури и создава еден гард кај луѓето. Јас мислам дека таа природа и тој амбиент не можат да издржат толкав објект.
Никос Чаусидис, универзитетски професор.

Археологот Никос Чаусидис кој е автор на книгата „Проектот Скопје 2014 – скици за едно наредно истражување“ вели дека не треба да се дозволи гости од страна да прават конфигурација на многу важни работи во Македонија.

„Не гледам добро на тој проект, бидејки е предимензиониран, без соодветните процедури и создава еден гард кај луѓето. Јас мислам дека таа природа и тој амбиент не можат да издржат толкав објект“, вели Чаусидис.

Струшкиот градоначалник Зиадин Села вели дека на Струга и се потребни инвестиции, а зошто да не и онаа на Субрата Рој.

„На Струга и се потребни инвестиции, а може да биде и Субрата Рој, може да биде било кој. Важно е да дојдат инвеститори, да вработат луѓе, бидејки Струга е еден од градовите каде има најголем број на вработени. Сметам дека тоа е добар проект, мислам дека за сите добри работи и инвестиции кои доаѓаат во државата треба да се поздрават. Јас би сакал таа инвестиција да биде во Струга“, вели Села.