На земјоделството му „кројат капа“ тие што не го разбираат

Проблемите со откуп на земјоделските производи кај нас станаа традиција. Во овој период е актуелна пченицата.
Пченицата стои на нива, тутунот скапува во гаражите, лозарите и откупувачите не можат да се договорат за откупната цена на грозјето и така секоја година. Па интервенира владата, се растрчуваат министри, се водат преговори за да се смират страстите. Проблемите со откуп на земјоделските производи кај нас станаа традиција.
Стратегија се подготвува, но кој ќе ја подготвува, колку квалитетна ќе биде?! Во Министерството „кројат капа“ на земјоделството тие што не се разбираат во земјоделство, инженери по машинство и рударство, економисти, а слабо има образовани агрономи таму, луѓе кои знаат да планираат.
Борис Анакиев, универзитетски професор.

Универзитетскиот професор Борис Анакиев вели дека на слободен пазар е нормално оној што произведува да сака да земе повеќе пари, а оној што купува да купи за поевтино, но кога има пореметување на пазарот, секој сака државата да му помогне.

„Пазарот сака државата да се меша многу повеќе, ги тера да се договараат, како производителите и откупувачите да се малоумни, и тие се договараат пред владата, а кога во пракса треба да се спроведе тие не го почитуваат тоа што го ветиле.“

Во овој период е актуелна пченицата. Земјоделците од пелагониско се жалат на ниските откупни цени поради кои, велат дека, им доцни жетвата. Тие реагираат дека пченицата се откупува по пониска цена од договорената.

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски.


„Владата донесе некоја цена да се откупува по 13,14 и 15 денари, но не се откупува по таа цена, и цената сега за сега е 11 денари. Во Егри има 600 тона, ако се откупени 20 до 30 тони, другото сè лежи по гаражите и повеќе од пола е на нива“, вели Павле Митревски, преставник на земјоделците од село Егри.
Владата донесе некоја цена да се откупува по 13,14 и 15 денари, но не се откупува по таа цена, и цената сега за сега е 11 денари. Во Егри има 600 тона, ако се откупени 20 до 30 тони, другото сè лежи по гаражите и повеќе од пола е на нива.
Павле Митревски, преставник на земјоделците од село Егри, битолско.

Анакиев вели дека доколку не се ограничеше увоз на пченица од Србија, ќе се увезеше поквалитетно жито за пониска цена и сега ќе јадевме поевтин леб, а сега ќе јадеме поскап леб од домашна пченица со полош квалитет. Но тоа не се пазарни односи, вели професор Анакиев. Според него треба да се најде чаре и да се увезува тоа што е евтино и квалитетно, а да се извезува стока кој ни е предност, за да се надомести таа разлика.

Земјоделската стратегија 2007-2013 сега е надмината и сега треба да се изработи нова, објаснува професорот.

„Стратегија се подготвува, но кој ќе ја подготвува, колку квалитетна ќе биде?! Со стратешката рамка не се предвидува колку пари треба да се инвестираат, колку инвестиции и какви инвестиции ќе има. Во Министерството „кројат капа“ на земјоделството тие што не се разбираат во земјоделство, инженери по машинство и рударство, економисти, а слабо има образовани агрономи таму, луѓе кои знаат да планираат.“

Од владата вчера изјавија дека во овој момент нема одлука за интервентен откуп на пченица, но дека тоа не се исклучува како опција.