Средбата Ахмети – Заев е дијалог меѓу власт опозиција, но тоа во јавноста ги потикна шпекулациите околу проблемите во владината коалиција, можноста за нови вонредни избори наесен или широка коалиција за решавање на македонските проблеми.
На средбата меѓу Ахмети и Заев не се сковал план за тектонски поместувања на политичката сцена, но биле зачнати прашања како евентуални коалиции и предвремени избори, анализираат експертите по неодамнешната средба на двајцата лидери во Мала Речица.
Средбата меѓу двајца поранешни коалициони партнери кои секогаш може да бидат и идни е добра порака како за домашната, така и за меѓународната јавност оценува професор Нано Ружин. Според него Ахмети со оваа средба сака да ја подигне својата позиција во очите на меѓународната зедница, но и кај домашните политички субјекти и да докаже дека не се занимава само со меѓуетнички односи, а Заев врти нова страна во односите со останатите политички партии. За политиката е добро лидерите на партиите да разговараат и да соработуваат за битни прашања од национален интерес, додава Ружин.
„Постојат и конкретни прашања за кои, да речеме, треба да постои џентламенски договор, на пример знаеме дека виси во воздух иако во моментов тоа не е актуелно, дали се можни предвремени избори. Верувам дека за сите овие прашања била постигната една размена на мислења и мислам дека тоа е добро во политиката.“
Ахмети е под притисок и од своите гласачи и од странците, оти тие се практично дел од тоа што се случува заедно со ВМРО-ДПМНЕ, но не би требало да се очекува друго мнозинство, вели професор Мерсел Биљали.
„Принципиелно ДУИ пристапува кон тоа дека победникот кај македонскиот дел треба да направи коалиција со победникот кај албанскиот дел, меѓутоа ако продолжат работите да се усложнуваат особено со ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски и посебно ако не се пристапи сериозно кон решавање на спорот за името, тогаш може да се случи некоја поширока коалиција, но не друга коалиција.“
Улогата на Ахмети на политичката сцена во последно време е актуелна и интереса, оценува Ружин.
„Мислам дека тој сака да покаже дека пред се е расположен да воспостави дијалог и тоа дијалог со опозицијата и на одреден начин да добие една монополска улога бидејќи знаеме дека оној што воспоставува дијалог, оној што има контакти секогаш ќе биде во подобра позиција.“
Биљали додава дека на ваквите средби треба да се гледа позитивно.
„Средбите треба да ги гледаме позитивно без оглед на тоа дека се работи за една партија која е дел од власта, а друга од опозицијата, значи мора да се навикнат да комуницираат, да контактираат, да се среќаваат и да третираат заеднички теми, тоа е многу важно.“
Претседателите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев, пред неколку денови во седиштето на ДУИ во Мала Речица, зборувале, како што изјавија, за меѓуетничките односи, за настаните од 24 декември, за интеграциите на земјата и спорот за името.
Постојат и конкретни прашања за кои, да речеме, треба да постои џентламенски договор, на пример знаеме дека виси во воздух иако во моментов тоа не е актуелно, дали се можни предвремени избори. Верувам дека за сите овие прашања била постигната една размена на мислења и мислам дека тоа е добро во политиката.Нано Ружин, универзитетски професор.
Средбата меѓу двајца поранешни коалициони партнери кои секогаш може да бидат и идни е добра порака како за домашната, така и за меѓународната јавност оценува професор Нано Ружин. Според него Ахмети со оваа средба сака да ја подигне својата позиција во очите на меѓународната зедница, но и кај домашните политички субјекти и да докаже дека не се занимава само со меѓуетнички односи, а Заев врти нова страна во односите со останатите политички партии. За политиката е добро лидерите на партиите да разговараат и да соработуваат за битни прашања од национален интерес, додава Ружин.
„Постојат и конкретни прашања за кои, да речеме, треба да постои џентламенски договор, на пример знаеме дека виси во воздух иако во моментов тоа не е актуелно, дали се можни предвремени избори. Верувам дека за сите овие прашања била постигната една размена на мислења и мислам дека тоа е добро во политиката.“
Принципиелно ДУИ пристапува кон тоа дека победникот кај македонскиот дел треба да направи коалиција со победникот кај албанскиот дел, меѓутоа ако продолжат работите да се усложнуваат особено со ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски и посебно ако не се пристапи сериозно кон решавање на спорот за името, тогаш може да се случи некоја поширока коалиција, но не друга коалиција.Мерсел Биљали, универзитетски професор.