Поради глобалното затоплување, моликата на Пелистер сè повеќе расте на повисоките делови од планината. За 174 години откако моликата на Пелистер ја открил германскиот научник Август Гризебах до денес, петигличниот бор, бегајќи од високите температури се искачи за 800 метри повисоко на планината.
Реликтниот балкански ендемит - моликата, позната уште како и македонски бор, симбол на националниот парк „Пелистер“ е погодена од глобалното затоплување. Биологот Никола Христовски вели дека за првпат во историјата на Пелистер, моликата фати корен на највисоката точка на планината, на надморска височина од 2601 метар. За 174 години откако моликата на Пелистер ја открил германскиот научник Август Гризебах до денес петигличниот бор бегајќи од високите температури се искачи за 800 метри повисоко на планината.
„Во тоа време се простирала на надморска висина од 1.100 до 1.800 метри, а сега со глобалното затоплување, тој ареал е многу проширен и се простира до над 2.500 метри надморска височина, значи е многу горе искачена“, вели Христовски.
Тоа значи дека станува збор за бегање од топлиот дел кон постудениот, за да може да живее благопријатно и да има услови за развој, додава Христовски.
„Еден степен целзиусов глобално затоплување придонесува флората да се искачи повисоко за 100 метри надморска висина. Инаку во географска ширина, тоа се 100 километри, практично од Кајмакчалан воздушна линија доаѓа до Шар планина, затоа има преместување на инсекти, животни и растенија од медитеранскиот дел кон Македонија“, вели Христовски.
Моликовите шуми на Пелистер се протегаат на 1.174 хектари. Има делови каде што стеблата се стари и по стотина години. Биолозите сметаат дека во иднина треба да се пронајдат мерки за заштита на компактните моликови шуми кои се украс на паркот.
„Моликата е распространета на Балканскиот Полуостров. Таа е ендем на овој полуостров. Освен во Македонија ја има во Србија, Бугарија, северна Грција, Косово и Црна гора. Друго природно наоѓалиште нема. На Пелистер е сочувана најкомпактна целина, а на другите места се поединечни стебла“, вели Христовски.
Семе од ендемичната пелистерската молика се продава и користи за пошумување во Финска, Русија, Канада.
Еден степен целзиусов глобално затоплување придонесува флората да се искачи повисоко за 100 метри надморска висина. Инаку во географска ширина, тоа се 100 километри, практично од Кајмакчалан воздушна линија доаѓа до Шар планина, затоа има преместување на инсекти, животни и растенија од медитеранскиот дел кон Македонија.Никола Христовски, биолог.