Иванов: Темелните вредности на ЕУ се погазени во случајот со Македонија

Унијата се темели на почитувањето на човековите права, владеењето на правото и еднакви принципи кон сите - овие темелни вредности се погазени во случајот на Македонија, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов, во обраќањето пред лидерите од Брдо процесот во Брдо кај Крањ. Според шефот на државата, унијата веќе четири години се солидаризира со членка која од Македонија го бара незамисливото - огазување на човековите права, правото на самоидентификација, на човечко достоинство. На средбата, иницирана од претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Иво Јосиповиќ, присуствуваат претседателот на Франија, Франсоа Оланд, како и претседателите на Албанија, Косово, Црна Гора и Србија.