Српското здружение на новинари се солидаризира со Кежаровски

Српското независно здружение на новинари се солидаризира со новинарот Томислав Кежаровски кој втор ден штрајкува со глад. Организацијата се приклучува кон барањето на македонските новинарски здруженија Кежаровски да биде пуштен да се брани од слобода. Новинарот беше приведен поради наводно објавување на име на заштитен сведок во 2008 година а мерката притвор му беше продолжена. Неговата сопруга исто така штрајкува со глад. Српското здружение потстетува на забелешката на ОБСЕ, дека постапката на македонските власти негативно ќе се одрази на слободата на медиумите. Народниот правобранител установи дека на Кежаровски му се ускратени правата за излез на свеж воздух и пристап до платен дневен печат.