Грчкиот парламент ја одобри непопуларната легислатива со која се отвора патот за масовни отпуштања и префрлања на работните места во јавниот сектор за да се добие новата транша од меѓународниот спасувачки пакет. Протестите пред парламентот овој пат беа со послаб одѕив од ланските.
Гласањето за пакетот беше прв поголем тест за премиерот Андонис Самарас и неговата двопартиска влада откако третиот коалицски партнер ја напушти по ненадејното затворање на државната радио телевизија минатиот месец.
За пакетот закони гласаа 153 пратеници од присутните 293. Грчкиот парламент има 300 пратенички места. Со тоа е одблокирана траншата од скоро 7 милијарди евра помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Законите вклучуваат разорни планови за трансфери и отпуштања на околу 25 илјади вработени во јавниот сектор, повеќето учители и општински полицајци.
Околу 5 илјади Грци се собраа пред парламентот со најава дека нема да подлегнат и оти нивната единствена опција е да продолжат со отпорот на претстојните мерки.
„По десетици години работа, тие не отпуштаат за една ноќ. Како ќе најдам нова работа со ваква висока невработеност. Како ќе го издржувам семејството?“ вели една 45-годишна учителка во Атина.
Сепак, овој пат протестите беа помали од оние во минатата година.
Реформите беа одобрени само неколку часа пред посетата на германскиот министер за финасии Волфганг Шојбле, еден од главните европски поборници на штедењето кој повеќето Грци го обвинуваат за нивните проблеми.
Тоа е негова прва посета на Атина од почетокот на кризата во Грција во 2009 година.
Пред гласањето во парламентот, грчкиот премиер Андонис Самарас објави намалување на даноците во обид да ги смири протестите и растечкото незадоволство.
Во ненадејното телевизиско обраќање тој најави дека од идниот месец ДДВ во рестораните ќе биде намален од 23 на 13 насто.
„Ќе продолжиме да се качуваме по ридот и ќе го достигнеме врвот кој не е многу далеку. Ќе дојдат подобри денови за нашиот народ“, изјави Самарас, додавајќи дека оваа мерка ќе помогне за справување со даночната евазија, голем проблем и една од причините за кризата во земјата.
Намалувањето на даноците, според грчките аналитичари, е симоболичен чекор со цел да се покаже дека постои светло на крајот на тунелот.
Грција во која невработеноста е над 27 насто, од 2010 година преживува со два спасувачки пакета вредни над 240 милијарди евра.
Во најновата легислатива се предвидени и даноци за луксуз, односно за куќи со базени и за скапи автомобили.
Сепак, најголемо противење доби најавеното отпуштање на 25 илјади работници во јавниот сектор до крајот на оваа година. Овој сектор се смета за гломазен, неефикасен и полн со вработени преку пријателски и роднински врски.
Грчката влада вети дека ќе отпушти уште 15 илјади вработени во јавниот сектор до крајот на идната година.
За пакетот закони гласаа 153 пратеници од присутните 293. Грчкиот парламент има 300 пратенички места. Со тоа е одблокирана траншата од скоро 7 милијарди евра помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Законите вклучуваат разорни планови за трансфери и отпуштања на околу 25 илјади вработени во јавниот сектор, повеќето учители и општински полицајци.
Ќе продолжиме да се качуваме по ридот и ќе го достигнеме врвот кој не е многу далеку. Ќе дојдат подобри денови за нашиот народ.Андонис Самарас, премиер на Грција.