По изјавите на политичарите дека предвремени избори не се исклучуваат како опција, експертите сметаат дека до крајот на годината нема да има услови што би генерирале предвремени избори. Нови моменти би била евентуална политичка блокада која би ги ставила вон функција институциите на системот.
Ако бидеме принудени ќе има рани избори. Ова го соопшти вчера претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во врска со шпекулациите во јавноста за можни предвремени избори. Груевски не кажа кои се тие моменти што би можеле да предизвикаат предвремени соочување со електоратот.
Експертите сепак сметаат дека до крајот на годината нема да има услови што би генерирале предвремени избори. Нови моменти би била евентуална политичка блокада која би ги ставила вон функција институциите на системот, но не верувам дека во наредните месеци би ни претстоело нешто што би иницирало таква состојба, коментира политичкиот аналитичар Алберт Муслиу
„Настани кои се битни за нас се Европскиот совет и евентуалниот став за започнувањето на преговорите што се случуваат во декември, така да не верувам дека пред тоа нешто импозантно би се случило и сега ние сме во период на летни одмори, не гледам нешто што би генерирало таква политичка блокада до тој обем да се влезе во циклус на предвремени избори.“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше состанок со првите луѓе на партиите што се дел од владејачката коалиција „За подобра Македонија“. На трииполчасовниот состанок, кој редовно се одржува два пати годишно Груевски кажа дека не посакуваат предвремени избори, но дека се подготвени за нивно одржување.
Профeската Татјана Каракамишева Јовановска, пак, истакна дека изјавата на претседателот на владата има цел да демонстрира одговорност и подготвеност на институциите на власта и системот за справување со сите можни политички ситуации кои евентуално би се појавиле во наредниот период.
„Владината коалиција е динамична работа и сите политички настани се случуваат динамично во неа, така што оваа изјава ја читам како одговорност и посветеност на ВМРО-ДПМНЕ за мирно справување со сите политички ситуации кои би можело да се појават во наредниот период.“
Алберт Муслиу изјавата на премерот ја нарече стандардна и смета дека таквиот речник е дел од политичкиот менталитет својствен за нашите простори со кој како што вели се покажуваат мускули.
„Идентична е појавата и тоа е дел од балканскиот менталитет на мачо политичко претставување, дека сите се спремни на избори.“
Инаку за прогласување на предвремени избори потребно е мнозинство ако не од коалицискиот партнер тогаш од опозициските партии, а од таму изјавија дека не се за предвремени избори, додава Муслиу.
Настани кои се битни за нас се Европскиот совет и евентуалниот став за започнувањето на преговорите што се случуваат во декември, така да не верувам дека пред тоа нешто импозантно би се случило и сега ние сме во период на летни одмори, не гледам нешто што би генерирало таква политичка блокада до тој обем да се влезе во циклус на предвремени избори.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
Експертите сепак сметаат дека до крајот на годината нема да има услови што би генерирале предвремени избори. Нови моменти би била евентуална политичка блокада која би ги ставила вон функција институциите на системот, но не верувам дека во наредните месеци би ни претстоело нешто што би иницирало таква состојба, коментира политичкиот аналитичар Алберт Муслиу
„Настани кои се битни за нас се Европскиот совет и евентуалниот став за започнувањето на преговорите што се случуваат во декември, така да не верувам дека пред тоа нешто импозантно би се случило и сега ние сме во период на летни одмори, не гледам нешто што би генерирало таква политичка блокада до тој обем да се влезе во циклус на предвремени избори.“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше состанок со првите луѓе на партиите што се дел од владејачката коалиција „За подобра Македонија“. На трииполчасовниот состанок, кој редовно се одржува два пати годишно Груевски кажа дека не посакуваат предвремени избори, но дека се подготвени за нивно одржување.
Владината коалиција е динамична работа и сите политички настани се случуваат динамично во неа, така што оваа изјава ја читам како одговорност и посветеност на ВМРО-ДПМНЕ за мирно справување со сите политички ситуации кои би можело да се појават во наредниот период.Татјана Каракамишева Јовановска, универзитетски професор.