Над еден месец демонстрантите во Софија бараат оставка на владата на левиот центар на премиерот Пламен Орешарски. Протестите го рефлектираат општото незадоволство против бугарската политичка елита. Тоа, како и економската стагнација на земјата, според Стратфор, ќе предизвика смени на многу влади во наредните години.
Сегашната политичка нестабилност во Бугарија почна со протестите против високите цени на струјата. Тие во февруари доведоа до пад на владата на десниот центар на Бојко Борисов.
Но, промената на власта на мајските избори не доведе и до смирување на немирите. Незадоволство продолжи да се шири против политичката елита за која јавноста смета дека е корумпирана.
Секојдневните протести почнаа на 14 јуни откако премиерот Орешарски го наименува контроверзниот политичар и бизнисмен Делијан Пеевски за шеф на Агенцијата за национална безбедност.
Тој беше отповикан, но протестите продолжија и на нив барем засега главно барање е оставка на сегашната влада.
Има и помали контрапротести, а постојат страхувања дека тоа би можело да доведе до натамошни поделби во земјата.
Широкото незадоволство кое е подгреано, не само од партиските махинации, туку и од слабата економија, според Стратфор, покажува дека и евентуани нови избори не би можело да доведат до обнова на социјалната и политичката стабилност во земјата.
Бугарија е најсиромашната земја во Европската унија, а нејзината економија стагнира веќе четири години. Од 2003 до 2008 Бугарија белжеше годишен раст од над шест насто.
Невработеноста во мај изнесуваше над 12 насто што е за два пати поголема од пред пет години. Скоро 37 насто од Бугарите сакаат да заминат од нивната земја.
Бугарската политичка нестабилност може да доведе и до нејзино изолирање од Европската унија.
Деновиве амбасадорите на Франција и Германија во Софија го критикуваа, како што го нарекоа, олигархискиот модел во земјата. Тие предупредија на концентрацијата на моќ и апелираа на сепартиски дијалог за крај на политичката криза.
Се страхува дека Софија во наредните години би можело да загуби дел од фондовите на Европската унија протебни за спроведување на реформите.
Потенцијалните спорови меѓу Брисел и Софија, според Стратфор, веројатно ќе бидат поздравени од Москва која на кризата во ЕУ гледа како на можност за зацврстување, особено на економските односи со земјите од Источна и Централна Европа.
Политичката нестабилност исто така значи дека Русија се соочува со несигурност во врска со напредувањето на гасоводот Јужен тек. Бугарската влада тврди дека овој проект и е стратегиски приоритет, но се уште не е познато кога тој ќе стартува со изградба.
Континуираната борба меѓу бугарските фракции, слабиот економски раст и јавното незадоволство против политичката елита сигнализираат дека секоја бугарска влада во наредните години мака ќе мачи за смирување на гласачите, странските инвеститори, Европската унија, но и Русија.
Тоа за возврат неизбежно ќе генерира натамошни тензии меѓу нив, заклучува Стратфор.